Descargar Imprimir esta página

Skil 0380 Manual Original página 109

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 38
доколку со нив работат нестручни лица.
e) Одржувајте ги машините и дополнителната
опрема. Проверете дали има изместување
или заглавување на подвижните делови, дали
некои делови се скршени или се во некоја друга
состојба што влијае врз работата на машината.
Ако е оштетена, однесете ја машината на поправка
пред да ја користите. Многу несреќи се случуваат
заради неодржувани машини.
f) Машините за сечење одржувајте ги остри и
чисти. Внимателно одржуваните машини за сечење
со остри ивици помалку ќе се заглавуваат и полесно
се контролираат.
g) Машината, дополнителната опрема, бургиите
итн., треба да ги користите според овие
упатства, земајќи ги во предвид работните
услови и работата која треба да се заврши.
Употребата на машината за работи што се поинакви
од нејзината намена може да доведе до опасна
ситуација.
h) Одржувајте ги дршките и површините за
фаќање суви, чисти и без масло и маст на нив.
Дршките и површините за држење што се лизгаат
не овозможуваат безбедно ракување и контрола на
машината во неочекувани ситуации.
5) Користење на машина на батерии и грижа за неа
a) Вршете полнење само со полначот што е
пропишан од страна на производителот. За
полначот кој е соодветен за еден вид на батерии,
постои опасност од пожар, доколку се употребува со
други батерии.
b) Користете ги машините само со посебно
назначени батерии. Користењето на било кои други
батерии може да доведе до опасност од повреда и
пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како што се
спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци,
шрафови или други, мали метални предмети
кои можат да спојат еден пол со друг. Краткиот
спој на половите на батериите може да предизвика
изгореници или пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде до
исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте
контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го
местото со вода. Ако течноста дојде во контакт со
очите, дополнително побарајте и лекарска помош.
Течноста која истекува од батеријата може да
предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или
машина којашто е оштетена или изменета.
Оштетените или изменетите батерии можат да
реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар,
експлозија или опасност од повреда.
f) Не изложувајте го комплетот со батерии или
машината на оган или висока температура.
Изложувањето на оган или на температура над 265
°F (130 °C) може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете го комплетот со батерии или машината
надвор од температурниот опсег наведен
во инструкциите. Неправилното полнење или
полнењето на температура што е надвор од
наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да
ја зголеми опасноста од пожар.
Користете ја машината само на дневно светло или со
соодветно вештачко осветлување
Користете ја машината само кога е целосно
составена
Не користете ја машината во лоши временски
услови, особено кога постои ризик од грмотевици
Не користете ја машината на влажни тревници и кога
материјалите што треба да се дуваат се влажни
Не дувајте во или кон жешки, запаливи или
експлозивни материјали
Никогаш не користете ја машината во непосредна
близина на луѓе (особено деца) и животни
Корисникот е одговорен за несреќните случаи или
штетите што ќе се предизвикаат кај други лица или
на нивниот имот
Секогаш исклучете ја машината и извадете ја
батеријата
- кога ја оставате машината без надзор.
- пред чистење на заглавен материјал
- пред проверка, чистење или работа на машината
- по удирање во стран предмет
- секогаш кога машината ќе почне невообичаено да
вибрира
Никогаш не дувајте ги остатоците во насока на
случајни минувачи
Секогаш носете долги пантолони и ракави и цврсти
чевли кога работите со машината
Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна
облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)
Ако долгата коса не се држи подалеку од влезот на
воздухот, може да дојде до лична повреда
Носете маска за прав кога работите во правлива
средина
Не користете ја машината ако прекинувачот не
ја вклучува и исклучува; оштетениот прекинувач
секогаш треба да се поправи од страна на
квалификувано лице
ПРЕД УПОТРЕБА
Запознајте се со контролите и со правилната
употреба на машината
Проверете ја функционалноста на машината пред
секоја употреба и во случај на дефект, повикајте
квалификувано лице да ја поправи; никогаш не
отворајте ја машината сами
Никогаш не ракувајте со машината ако има дефектна
цевка или куќиште
Заменете ги изабените или оштетените делови
Одржувајте ги сите навртки, завртки и шрафови
затегнати за да бидете сигурни дека машината е во
безбедна работна состојба
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Работете со машината само со одење (не трчајте)
Одржувајте правилна позиција на падините
Секогаш одржувајте ги отворите за вентилација C
чисти
Заземете безбедно држење при работа (не
посегнувајте преку одредената граница, особено
кога користите скали или скалило)
ПО УПОТРЕБА
Чувајте ја машината во затворен простор на суво и
затворено место, подалеку од дофат на деца
- комплетот на батерии и машината треба да се
109

Publicidad

loading