Descargar Imprimir esta página

Bosch Professional GSR 18V-90 FC Manual Original página 210

Ocultar thumbs Ver también para Professional GSR 18V-90 FC:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 34
210 | Македонски
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (11)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија (8) вметнете ја во
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на
рачката.
Подесување на правецот на вртење (види слика H)
Прекинувачот за менување на правецот на вртење
u
(11) активирајте го само кога електричниот алат е
во мирување.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење
(11) може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (12) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (11) налево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (11) на десно до крај.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 20
степени. Штом се достигне поставениот вртежен момент,
процесот на дупчење или навртување се прекинува. Во
позицијата 
пружината за спојување е деактивирана,
на пр. за дупчење.
При одвртување на завртки евентуално може да
одберете повисока поставка одн. да поставите на
ознаката 
.
Механички избор на брзини
Прекинувач за избор на брзина (4) активирајте го
u
само кога електричниот алат е во празен од.
Со прекинувачот за избор на брзини (4) може да
изберете 2 брзини.
Брзина I:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина II:
Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Прекинувачот за избор на брзини секогаш
u
притискајте го до крај. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
1 609 92A 6RP | (04.08.2022)
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(12) и држете го притиснат.
Работното светло (23) свети при малку или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (12)
и овозможува осветлување на работното поле при
услови на слаба осветленост.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (12).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (12) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на работната
температура, се намалува бројот на вртежи или се
исклучува електричниот алат. Дури по постигнувањето на
дозволената работна температура, електричниот алат
повторно работи со полн број на вртежи.
Заштитата од преоптоварување, која зависи од
температурата, се прикажува со црвено светење на LED-
сијаличката на електричниот алат.
– За повторно да се достигнат дозволените граници на
работната температура, работете со електричниот алат
во празен од или чекајте додека LED сијаличката  не
свети зелено повторно.
Кога LED сијаличката  свети во зелена боја, уредот
повторно ја има постигнато дозволената граница на
работна температура.
Кориснички интерфејс (види слика I)
Корисничкиот интерфејс (10) служи за активирање и
деактиривање на прецизната спојка „Precision Clutch" и
брзо исклучување „KickBack Control" како и за
прикажување на состојбата на електричниот алат.
Прецизна спојка (Precision Clutch)
Прецизната спојка го запира
преоптоварувањето кога ќе се достигне
поставениот вртежен момент и се
намалува абењето на спојката и
емисијата на звук.
Прецизната спојка може да се деактивира на
корисничкиот интерфејс (10) со копчето Precision
Clutch (24). Моменталната состојба се прикажува преку
Precision Clutch-LED сијаличката (25) на корисничкиот
интерфејс (10).
Bosch Power Tools

Publicidad

loading