Descargar Imprimir esta página

Bosch UniversalCirc 18V-53 Manual Original página 194

Ocultar thumbs Ver también para UniversalCirc 18V-53:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 31
194 | Македонски
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(11) и држете го цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница (25) и сечилото за
пилата (12) од вретеното на пилата (27).
Монтирање на сечилото за пила (види слика C)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот алат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Исчистете го сечилото за пила (12) и сите стезни
делови што се монтираат.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(11) и држете го цврсто.
– Поставете го сечилото за пила (12) на приклучната
прирабница (26). Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитниот капак (11).
– Поставете ја стезната прирабница (25) и затегнете ја
затезната завртка во правец на вртење ➋. Внимавајте
на правилна положба на монтирање на приклучната
прирабница (26) и стезната прирабница (25).
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (22) и
држете го притиснато.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (23) затегнете
ја стезната завртка во правец на вртење ➋. Затезниот
момент треба да изнесува 6–9 Nm, што одговара на
рачно затегнување плус ¼ вртење.
Работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Начини на работа
Подесување на длабочината на сечење (види слика D)
Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
u
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Со рачката за претходен избор на длабочината на резот
(29) може да се подеси длабочината на резот.
За помала длабочина на сечење тргнете ја пилата од
основната плоча (13), а за поголема, притиснете ја
пилата кон основната плоча (13). Саканата димензија
подесете ја на скалата за длабочина на сечење (28).
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната
страна на заштитниот капак (15).
Олабавете ја пеперутка-завртката (7). Навалете ја пилата
странично. Саканата димензија подесете ја на скалата
(6). Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (7).
1 609 92A 7KL | (19.10.2022)
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (28).
Ознаки за сечење (види слика E)
Контролното прозорче „CutControl" (9) што се отвора
нанапред служи за прецизно водење на кружната пила по
направената линија за сечење на делот што се
обработува. Контролното прозорче „CutControl" (9) има
по една ознака за правоаголно сечење и за сечење под
агол од 45°.
Ознаката за сечење 0° (30) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45° (31) ја прикажува позицијата на сечилото за
пила при сечење под 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата.
Најдобро е да направите пробен рез.
°
°
0
45
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (4) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(2) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (2) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Сопирачка за исфрлување од брзина
Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го
намалува вибрирањето на сечилото за пила по
исклучување на електричниот алат.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
°
°
0
45
Bosch Power Tools

Publicidad

loading