Симптом
Можна причина
Ланецот на пилата не
предната сопирачка/сопирачката за
запира
исфрлување од брзина е дефектна
Ланецот на пилата/
Затегнувањето на ланецот е преголемо
шината-водилка е
Ланецот на пилата е истапен
жешка
Електричниот алат
Затегнувањето на ланецот е прениско
тропа, вибрира или не
Ланецот на пилата е истапен
сече правилно
Ланецот на пилата истрошен
Запците на ланецот покажуваат во погрешен
правец
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
При екстремни услови на примена, доколку е
u
возможно секогаш користете уред за всисување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување
и приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD).
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Напомена: редовно извршувајте ги следните
одржувања, за да се загарантира долга и сигурна
употреба.
Проверете дали капаците и заштитните делови се
неоштетени и правилно ставени. Евентуално, пред
користење спроведете ги потребните работи за
одржување и поправка.
Редовно проверувајте го електричниот алат дали има
недостатоци, лабав, откачен или оштетен ланец, лабаво
прицврстување и истрошени или оштетени компоненти.
Замена на ланецот на пилата и запчаник
Заменувајте го ланецот на пилата и запчаникот со
оригинални Bosch резервни делови или оставете овие
делови да ги замени вашиот овластен сервис за Bosch
електрични алати.
После употреба/складирање
Ставете ја заштитата за ланец (7) на сечилото (9), за да
избегнете повреди.
Ланецот на пилата (8) може да се истапи при несакани
удари или гребнатини.
Исчистете го обликуваното пластично куќиште на
електричниот алат со мека четка и чиста крпа. Не
користете вода, растворувачи и средства за полирање.
Bosch Power Tools
Помош
Обратете се кај вашата сервисна служба на
Bosch.
Поставете го затегнувањето на ланецот
Заменете го ланецот на пилата
Поставете го затегнувањето на ланецот
Заменете го ланецот на пилата
Заменете го ланецот на пилата
Правилно монтирајте го ланецот на пилата
Отстранете ги сите нечистотии, особено од отворите за
вентилација на моторот.
По употреба од 1–3 часа, демонтирајте го капакот (12),
сечилото (9) и ланецот на пилата (8) и исчистете ги со
помош на четка.
Ако електричниот алат треба да се складира подолго
време, исчистете ги ланецот (8) и сечилото (9).
Складирајте електричниот алат на безбедно, чисто место
и надвор од дофат на деца.
Не поставувајте други предмети на електричниот алат.
Не вршете промени на електричниот алат.
Недозволени промени може да ја нарушат безбедноста
на вашиот уред и да доведат до посилни звуци и
вибрации.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Македонски | 187
1 609 92A 6BF | (25.10.2022)