Функции на апликацијата
8 Редовно синхронизирајте.
9 Држете го телефонот блиску до четката за заби за
оптимално префрлање податоци.
За рачно синхронизирање: Спарувајте
ја/поврзувајте ја вашата четка за заби со апликацијата
на секои две седмици за да имате корист од нејзините
функции/можности.
За автоматско синхронизирање: дајте дозвола за
локација додека ја поставувате апликацијата. Со
давање дозвола за локација, вашиот телефон знае
кога е во опсегот на поврзување на вашата четка за
заби и може да ги освежи податоците за четкање во
апликацијата за да ги обезбеди најновите сознанија и
препораки.
Забелешка: Bluetooth на телефонот треба да е
вклучен кога ја користите апликацијата, така што
вашата четка за заби може да ги пренесе и ажурира
податоците за четкање во апликацијата. Ако имате
прашања за тоа зошто се собираат вашите податоци
за четкање, проверете ја Изјавата за приватност на
Sonicare, достапна во текот на целиот процес на
поставување на апликацијата.
Електричната четка за заби Sonicare е опремена со
паметни сензори за да ви дава повратни информации
за вашите навики на четкање, вклучително со:
-
Дневни сесии на четкање
-
Потрошено време за секоја сесија на четкање
-
Применет притисок на четкање
-
Потсетник за замена на глава на четка (според
вистинското користење)
Апликацијата Sonicare ги собира податоците преку
паметните сензори и ги следи вашите навики на
четкање со тек на време.
Македонски
675