- користење на сечилото на други површини освен
тревни.
• Не дозволувајте деца или луѓе што не се
запознаени со упатствата да ја користат косилката.
Локалните прописи може да ја ограничуваат
возраста на операторот.
• Никогаш не користете ја косилката:
- кога има луѓе, особено деца или домашни
животни, во близина;
- ако операторот примил лекарства или
супстанции што може да влијаат врз неговата
способност да реагира и да се концентрира.
• Имајте на ум дека операторот или корисникот е
одговорен за несреќите или опасностите што им се
случуваат на другите луѓе или имотот.
Подготовка
• Додека косите, секогаш носете тешки обувки и
долги панталони. Не ракувајте со опремата боси
или со отворени сандали.
• Темелно проверете го подрачјето каде што треба
да се користи опремата и отстранете ги сите
предмети што машината може да ги фрли.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Бензинот е многу запалив.
- Чувајте го горивото во садови специјално
конструирани за таа намена;
- Полнете гориво само надвор и не пушете притоа;
- Додајте гориво пред да го палите моторот. Не
вадете го капачето на резервоарот и не
дополнувајте бензин додека моторот работи или
е жежок;
- Ако се истури бензин, не обидувајте се да го
запалите моторот, туку тргнете ја машината
подалеку од подрачјето на истурањето и обидете
се да не создадете извор на палење додека не
се развеат бензинските пареи;
- затворете ги капачињата на резервоарот и на
садот цврсто.
• Заменете ги неисправните придушувачи.
• Пред употребата, секогаш визуелно проверете ги
сечилата, завртките на сечилата и комплетот за
сечење да не се изабени или оштетени. Заменете
ги изабените или оштетените сечила и завртките во
комплетите за да ја зачувате рамнотежата.
Работење
• Не работете со моторот во затворен простор, каде
што може да се наталожат опасни јаглерод
моноксидни пареи.
• Косете само дење или на добро вештачко светло.
• Избегнувајте работа со опремата на мокра трева,
кога е можно.
• Секогаш внимавајте како газите по стрмнини.
• Одете, никогаш не трчајте.
• Со вртливи машини на тркала, косете напречно по
падини, никогаш нагоре или надолу.
• Бидете многу претпазливи кога менувате насока на
падини.
• Не косете многу стрмни падини.
• Бидете многу претпазливи кога одите наназад или
ја влечете косилката кон себе.
• Сопрете ги сечилата ако косилката треба да се
навали за превоз кога се поминуваат површини што
не се тревни и кога ја пренесувате косилката до и
од подрачјето што треба да се коси.
• Не работете со косилката ако штитниците се
оштетени или ако безбедносните делови, на пр.
одбојниците и/или собирачите на тревата, не се на
своите места.
• Не менувајте ги основните поставки на моторот и
не пребрзувајте го.
• Откочете ги сите сечила и погонски квачила пред
да го запалите моторот.
• Запалете го моторот внимателно, според
упатството и со нозете далеку од сечилата.
• Не навалувајте ја косилката кога го палите моторот.
• Не палете го моторот кога стоите пред отворот за
исфрлување.
• Не ставајте раце или нозе близу или под вртливите
делови. Бидете подалеку од отворот за
исфрлување во секое време.
• Не кревајте ја и не носете ја косилката додека
моторот работи.
• Сопрете го моторот и откачете го кабелот на
свеќичката, проверете дали сите подвижни делови
сопреле целосно и, кога има клуч, извадете го
клучот:
- пред да одглавувате блокирања или да го
чистите испустот;
- пред проверување, чистење или работење на
косилката;
- откако ќе удрите во некој предмет. Проверете ја
косилката да не е оштетена и извршете ги
поправките пред да ја запалите повторно и да
работите со косилката.
- ако косилката почне да вибрира ненормално
(проверете веднаш).
• Сопрете го моторот и откачете го кабелот на
свеќичката, проверете дали сите подвижни делови
сопреле целосно и, кога има клуч, извадете го
клучот:
- секогаш кога ја оставате косилката;
- пред полнење гориво.
• Намалете го гасот додека моторот е изгаснат и, ако
моторот има вентил за прекин на доводот на
гориво, затворете го доводот на крајот на косењето.
• Користете ја косилката само за нејзината намена,
за косење и собирање трева. Секоја друга употреба
може да биде ризична и може да предизвика
оштетување на машината.
Одржување и чување
• Одржувајте ги сите навртки и завртки затегнати за
да бидете сигурни дека опремата е во безбедна
работна состојба.
• Не одложувајте ја опремата со бензин во
резервоарот во објект каде што испарувањата
може да дојдат до отворен пламен или искра.
• Оставете го моторот да се излади пред да го
одложите во затворен простор.
• За да ја намалите опасноста од пожар, одржувајте
ги моторот, придушувачот, одделот за
акумулаторот и околината околу резервоарот за
бензин чисти, без трева, лисја или премногу
маснотии.
• Проверувајте го собирачот на тревата често да не е
изабен или истрошен.
217