OBJ_BUCH-2004-003.book Page 235 Wednesday, November 13, 2013 4:20 PM
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот уред. По силни
надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа,
секогаш извршете контрола на точноста (види „Проверка на точност при
мерење на растојанија", страна 237).
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред, притиснете кратко на мерното копче 2.
Мерниот уред и ласерот ќе се вклучат.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не
погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете долго на мерното копче 2.
Процес на мерење (види слика A)
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во функција на должинско мерење.
Референтно ниво за мерење е секогаш задниот раб на мерниот уред.
Поставете го мерниот уред на саканата стартна точка на мерење (напр. ѕид).
За активирање на мерењето, кратко притиснете на мерното копче 2. Потоа ќе се
исклучи ласерскиот зрак. За повторно вклучување на ласерскиот зрак
притиснете кратко на мерното копче 2. За активирање на друго мерење, одново
притиснете кратко на мерното копче 2.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не
погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
Напомена: Вообичаено, измерената вредност се појавува во рок од 0,5 с, а
најдоцна по 4 с. Времетраењето на мерењето зависи од растојанието,
светлосните услови и рефлектирачки својства на целната површина. По
завршување на мерењето, ласерскиот зрак автоматски ќе се исклучи.
Автоматски збир (види слика B)
Автоматскиот збир автоматски го одредува збирот на сите поединечни мерења
(на пр. помага при пресметка на материјал).
Вредноста на автоматскиот збир ќе се избрише, штом ќе се исклучи уредот одн.
автоматски по 5 минути без притискање на копчето.
Автоматскиот збир нема да се зачува. Не е возможна дополнителна корекција на
автоматскиот збир.
Насочете го ласерскиот зрак кон целната површина.
Bosch Power Tools
Македонски | 235
2 609 141 073 | (13.11.13)