Descargar Imprimir esta página

Philips 5000 Serie Manual De Instrucciones página 49

Ocultar thumbs Ver también para 5000 Serie:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 21
Ако производот стане невообичаено жежок, испушта невообичаена миризба или ја промени
бојата, престанете да го користите производот и контактирајте со Philips.
Не ставајте ги далечинските управувачи и нивните батерии во микробранови печки или на
индукциски рингли.
Немојте да го изменувате, продупчувате, оштетувате или расклопувате далечинскиот
управувач или батеријата за да спречите батериите да се загреат или да испуштат отровни
или опасни супстанци. Немојте да им правите краток спој на батериите, прекумерно да ги
полните или да ги полните со обратен поларитет.
Ако батериите се оштетени или протекле, тогаш избегнувајте да ги допирате до кожата или
очите. Во случај на контакт, веднаш исплакнете го местото на контакт со вода и побарајте
медицинска помош.
Кога ракувате со батериите, не заборавајте дека вашите раце, далечинскиот управувач и
батериите треба да бидат суви.
Вметнете 2 алкални батерии LR03-AAA-1,5 V така што половите + и - ќе бидат свртени во
насоката означена на преградата за батерии или на држачот.
Немојте да мешате батерии од различни брендови и типови, немојте да мешате нови и
користени батерии и немојте да употребувате батерии со различни кодови за датум.
Извадете ги батериите од далечинскиот управувач ако нема да го користите подолго време.
За да избегнете ненамерен краток спој на батериите откако ќе ги отстраните, не дозволувајте
приклучните контакти на батериите да дојдат во допир со метални предмети (на пр. монети,
шноли, прстени). Не виткајте ги батериите во алуминиумска фолија. Ставете селотејп врз
приклучните контакти на батериите или ставете ги батериите во пластично ќесе пред да ги
фрлите.
Не оставајте празни батерии за еднократна употреба во далечинскиот управувач.
Немојте да ја користите функцијата за арома ако сте алергични на етерични масла.
Се испорачува само кутијата за арома, етеричните масла не се вклучени. Ве молиме купете и
користете етерични масла доколку е потребно.
Внимателно прочитајте го упатството за користење на етеричните масла пред да ја користите
функцијата за арома.
Не заборавајте да го исклучите производот од штекер пред да ги ставите етеричните масла
во кутијата за арома.
Ви препорачуваме да не ја користите функцијата за арома доколку имате респираторни
проблеми.
Ако не се чувствувате добро при користењето на функцијата за арома, веднаш исклучете ја
оваа функција.
Немојте да ја користите функцијата за арома за доенчиња, бремени жени или жени во
период на лактација.
Не се препорачува употреба на други супстанци освен етерични масла.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на
електромагнетни полиња.
Рециклирање
Овој симбол означува дека производот не треба да се фрла со обичниот отпад од
домаќинствата (2012/19/EU).
Овој симбол означува дека овој производ содржи батерии за еднократна употреба кои
не смеете да ги фрлате со обичниот отпад од домаќинството (2006/66/EC).
Придржувајте се до законите во вашата земја за посебно собирање на електричните и
електронските производи и батериите. Правилното фрлање помага во спречувањето
на негативните последици по животната средина и човековото здравје.
МК
47

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Cx5535