Descargar Imprimir esta página

Bosch EasySaw 12V-70 Manual Original página 180

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
180 | Македонски
пила со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило) или со
1/4"-универзално сечило (U-сечило). Сечилото за пила
не треба да биде подолго отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за
пила.
Вметнување на сечилото за пила (види слика A)
Исчистете го сечилото на листот за пила пред
u
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Евентуално извадете го заштитниот капак (8).
Вметнете го прифатот за сечилото за пила (14) во
правецот на стрелките нагоре. Потоа вметнете го
сечилото за пила (10), со запците во правец на сечењето,
до крај во правец на прифатот за сечилото за пила.
При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа
задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (12).
Проверете дали е стабилно сечилото за пила.
u
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и
да Ве повреди.
Вадење на сечилото за пила (види слика B)
Вметнете го прифатот за сечилото за пила (14) во
правецот на стрелките нагоре и извадете го сечилото
(10).
Депо за сечило за пила (опрема) (види слика C)
Во депото за сечила за пила (16) можете да чувате до
шест сечила со должина до 110 mm. Вметнете ги
сечилата за пила со сечило со еден заоблен дел
(T‑сечило) во процепот предвиден за нив во депото за
сечила за пила. Може да бидат поставени едно преку
друго до три сечила за пила.
Затворете го депото за сечила за пила и вметнете го до
крај во процепот на основната плоча (7).
Лизгачка папуча (опрема) (види слика D)
При обработка на чувствителни површини можете да ја
ставите лизгачката папуча (17) на основната плоча (7),
за да спречите гребење на површината.
При поставување на лизгачката папуча (17) закачете ја
напред на основната плоча (7), притиснете ја позади
нагоре и оставете да се вклопи.
При работење со лизгачката папуча не може да се
користи депото за сечила за пила (16) како и контролата
на линијата на сечење Cut Control.
Заштита од кинење (опрема) (види слика E)
Заштитата од кинење (18) (опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
сечила за пила и со агол на резот од 0°. Основната плоча
(7) при сечење со заштита од кинење не смее да се
поместува наназад за сечење блиску до работ.
Притиснете ја заштитата од кинење (18) од долу на
основната плоча (7) (како што е прикажано на сликата,
со засекот нагоре).
1 609 92A 846 | (04.08.2022)
Контрола на линијата на сечење Cut Control
(опрема)
Контролата на линиите на сечење Cut Control
овозможува прецизно водење на електричниот алат долж
означената линија за сечење на делот што се обработува.
На Cut Control припаѓаат контролниот прозорец (11) со
ознаките за сечење и основата (9) за прицврстување на
електричниот алат.
Прицврстување на Cut Control на основната плоча
(види слика F)
Прицврстете го контролниот прозорец за Cut Control
(11) во држачите на основата (9). Потоа лесно склопете
ја основата и оставете ја да се вклопи во водилката (19)
на основната плоча (7).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Заштитен капак (опрема) (види слики G и H)
Монтирајте го заштитниот капак (8), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак (8) на електричниот алат на
тој начин што ќе се вклопат двата надворешни држачи во
процепите на куќиштето.
Извадете го заштитниот капак (8) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол. За тоа
притиснете го капакот на висина на надворешните
држачи и извлечете го нанапред.
Приклучување на всисувач за прав (види слика I)
Вметнете го адаптерот за всисување (20) (опрема) на
црево за всисување (21) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување (20) со млазниците за всисување (6) на
електричниот алат и цревото за всисување (21) со
всисувач (опрема).
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Easysaw 18v-70