MK
НАПОМЕНА
Почитувајте го исто така и
приложеното упатство за работа на
бензинскиот мотор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасности од нецелосно
монтирање!
Тракторската косилка не смее да се
користи пред да биде целосно
монтирана!
Направете ги сите монтажни работи
коишто се опишани во упатството за
монтажа. Во случај на сомневање
пред пуштањето во употреба
прашајте стручно лице дали
монтажата е правилно направена!
Проверете дали се присутни сите
безбедносни и заштитни уреди и дали
се функционални!
5 КОМАНДИ
Во продолжение се опишани контролните
елементи на тракторските косилки со задно
исфрлање. Погрижете се да го прочитате
соодветниот опис за вашата тракторска
косилка.
5.1
Стандардна табла со инструменти
(01)
Регулирање на бројот на вртежи на
моторот (01/2)
НАПОМЕНА
Имајте во предвид дека активирањето
на регулаторот во возен погон влијае
врз брзината!
Кај регулатор со интегрирана дизна:
Со поместување на регулаторот (01/2) се
зголемува и намалува бројот на вртежи на
моторот како и вклучување на дизната во
најгорната позиција.
510
Вклучување на дизната: Поместете го
регулаторот сосема на нагоре кон
знакот за дизна. Оваа позиција
користете ја исклучиво за стартување
на моторот.
Напомена: Некои варијанти на трактор
располагаат со посебно копче за
дизната (01/1) на таблата со
инструменти. Тоа мора тогаш
дополнително да се повлече за
стартување на тракторот. Штом ќе
почне да работи моторот, полека
турнете го копчето назад!
Косење: Во оваа позиција моторот
работи со максималниот број на
вртежи.
Работа на празно: Во оваа позиција
моторот работи со најмалиот број на
вртежи.
Брава за палење (01/3, 05)
Позициј
Функција
а
0
Моторот се исклучува.
Контактниот клуч може да се
извлече.
I
Вклучување на фаровите.
По стартувањето на моторот во
оваа позиција се вклучуваат
фаровите.
II
Работна позиција, кога работи
моторот.
III
Почетна позиција за стартување
на моторот.
Отпуштете го клучот штом
моторот ќе почне да работи. Тој
потоа скокнува назад во
работната позиција II.
5.2
Педала за кочницата/куплунгот
■
Кочница: Со целосно притискање на педалата
за кочницата/куплунгот (03/1) на надолу
кочницата влијае на менувачот, тракторот кочи.
■
Кочница за паркирање: Со повлекување
на лостот за заклучување (03/1) на нагоре
додека се притиска педалата за
кочницата/куплунгот (03/2, 01/5) се
заклучува кочницата. Со повторно
притискање на педалата кочницата се
отпушта.
Команди