Descargar Imprimir esta página

Bosch 3 601 F23 0.0 Manual Original página 156

Ocultar thumbs Ver también para 3 601 F23 0.0:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
OBJ_BUCH-813-005.book Page 156 Thursday, June 9, 2016 11:13 AM
156 | Македонски
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ETM9,
70538 Stuttgart, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
Ставање/менување на листот за кружната пила
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
 Користете само листови за пила, кои одговараат на
карактеристичните податоци дадени во ова
упатство за употреба.
 Во никој случај не користете дискови за брусење
како алат за вметнување.
Бирање на листот за пилата
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Демонтажа на листот на пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 4 и
држете го притиснато.
 Копчето за блокирање на вретеното 4 активирајте го
само доколку вретеното на пилата е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
– Одвртете го 17 затезниот шраф 18 со инбус клуч во
правец на вртење .
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 11 и држете ја цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница 19 и листот за пилата
20 од вретеното на пилата 22.
Монтирање на листот за пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Исчистете го листот за пилата 20 и сите стезни делови
што се монтираат.
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 11 и држете ја цврсто.
1 609 92A 2AW | (9.6.16)
– Поставете го листот на пилата 20 на приклучната
прирабница 21. Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на листот за пилата) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитната хауба 15.
– Поставете ја стезната прирабница 19 и зашрафете го
затезниот шраф 18 во правец на вртење . Внимавајте
на правилна положба на монтирање на приклучната
прирабница 21 и стезната прирабница 19.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 4 и
држете го притиснато.
– Зацврстете го 17 затезниот шраф 18 со инбус клуч во
правец на вртење . Моментот на затегање треба да
изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегање
плус ¼ вртење.
Вшмукување на прав/струготини
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на адаптерот за вшмукување
(види слика B)
Ставете го адаптерот за вшмукување 23 на исфрлувачот
за струготини 14 додека не се вклопи. На адаптерот за
вшмукување 23 може да се приклучи црево за
вшмукување со дијаметар од 35 мм.
 Адаптерот за вшмукување не смее да се монтира
без приклучено надворешно вшмукување. Инаку
каналот за вшмукување може да се запуши.
 На адаптерот за вшмукување не смее да се
приклучува вреќичка за прав. Инаку системот за
вшмукување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално вшмукување,
адаптерот за вшмукување 23 мора редовно да се чисти.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gks 190 professional3 601 f23 0.1