Рамномерно движете ги сечилата на рендето поставени
во справата за острење и со лесен притисок над брусниот
камен.
Напомена: Сечилата на рендето смеат да се избрусат за
максимум 6 mm на најмала ширина од 23 mm. Потоа
двете сечила мора да се заменат.
Монтирање на сечилото за ренде (види слики E–F)
Пред повторното ставање на нови односно дополнително
избрусени сечила на рендето, исчистете ја главата на
сечилото (16) и ев. сечилото на рендето (18) и
заштитниот држач (19). Засмолените сечила на рендето
исчистете ги со алкохол или петролеј.
Напомена: пред монтажата новите одн. дополнително
избрусените сечила на рендето мора секогаш да бидат
подесени на правилната висина.
За подесување на висината на сечилата на рендето служи
мерилото за подесување (22) (опрема). Поставете го
сечилото на рендето (18) и заштитниот држач (19) на
мерилото за подесување. Заштитниот држач (19) мора
да влегува во жлебот предвиден за тоа. Притиснете на
сечилото на рендето (18) наспроти граничникот и
фиксирајте го заштитниот држач (19) во оваа позиција со
завртката за прицврстување (20). На тој начин
автоматски ќе се постигне правилно подесување на
висината.
Сечилото на рендето мора да се вгради во средината на
подлогата на рендето (11) и да се центрира. На крај
затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со T-
насаден клуч (13). Притоа придржувајте се до
наведениот редослед на затегнување на стезната челуст
(15) (①②③).
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали
завртките за прицврстување (14) се добро вметнати.
Рачно свртете ја главата на сечилото (16) и проверете
дали сечилото на рендето се трие на некое место.
Замена на HM/TC-сечилото на рендето
Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не
u
го фаќајте секачот на рендето на рабовите за
сечење. Може да се повредите од острите рабови за
сечење.
Користете го само оригиналното Bosch-HM/TC-сечило за
ренде.
Сечилата на рендето од цврст материјал (HM/TC) имаат
2 сечила и можат да се вртат. Доколку двата раба на
сечилото се тапи, сечилото на рендето (23) мора да се
замени. HM/TC-секачот на рендето не смее дополнително
да се остри.
Демонтирање на сечилото за ренде (види слики G–H)
– За да го свртите или замените сечилото на рендето
свртете ја главата на сечилото (16), додека стезната
челуст (15) не се постави паралелно кон подлогата на
рендето (11).
– Олабавете ги 3-те завртки за прицврстување (14) си
Torx-клучот (13) околу 1–2 вртења. Стезната челуст
(15) не мора да се вади.
Bosch Power Tools
– Свртете ја малку главата на сечилото и со парче дрво
турнете го сечилото на рендето (23) странично од
главата на сечилото (16).
– Свртете ја главата на сечилото за 180° и демонтирајте
го 2-то сечило на рендето.
Монтирање на сечилото за ренде (види слики I–J)
Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се
обезбедува еднакво подесување на висината при
менување одн. вртење.
Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на сечилото
во главата на сечилото (16) и сечилото на рендето (23).
При монтажата на сечилото на рендето внимавајте истото
беспрекорно да лежи во водилката на прифатот на
главата на сечилото (16).
Сечилото на рендето мора да се вгради во средината на
подлогата на рендето (11) и да се центрира. На крај
затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со Torx-
клучот (13). Притоа придржувајте се до наведениот
редослед на затегнување на стезната челуст (15)
(①②③).
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали
завртките за прицврстување (14) се добро вметнати.
Рачно свртете ја главата на сечилото (16) и проверете
дали сечилото на рендето се трие на некое место.
Употреба на сетови за префрлање
Префрлање од HSS во HM/TC
Со HM/TC-адаптерот може да се вгради ренде опремено
со HSS-сечила на HM/TC-сечилото за ренде.
– Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со
Torx-клучот (13) и извадете ја стезната челуст (15).
– Извадете го заштитниот држач (19) заедно со
сечилото на рендето (18) од главата на сечилото (16)
одн. водечкиот жлеб (17).
– Извадете ги завртките (20).
– Поставете ги заштитниот држач (19) и адаптерот (37)
во мерилото за подесување (22). Заштитниот држач
(19) мора да се вклопи во жлебот на мерилото за
подесување (види слика S).
– Ставете го HM/TC-сечилото за ренде (23) странично
во адаптерот (37). Лентата на адаптерот (37) мора да
се заглави во жлебот на HM/TC-сечилото за ренде
(види слика S).
– Цврсто затегнете ги завртките (20).
– Ставете го заштитниот држач (19) заедно со адаптерот
(37) и сечилото на рендето (18) во главата на
сечилото (16) одн. во водечкиот жлеб (17).
– Поставете ја стезната челуст (15) и цврсто свртете ја
завртката за прицврстување (14).
– Сечилото на рендето мора да се вгради во средината
на подлогата на рендето (11) и да се центрира. На
крај затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (14)
со Torx-клучот (13). Притоа придржувајте се до
наведениот редослед на затегнување на стезната
челуст (15) (①②③).
Македонски | 197
1 609 92A 8GN | (16.05.2023)