Descargar Imprimir esta página

Bosch GHO 185-LI Professional Manual Original página 199

Ocultar thumbs Ver también para GHO 185-LI Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
обработува или секачот на рендето. За време на
работниот процес, држачот на рендето при паузирање
(32) се подига нагоре и задниот дел на подлогата на
рендето се отпушта (11).
Напомена: Држачот на рендето при паузирање (32) не
смее да се демонтира.
Процес на рендање (види слика O)
Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете
го електричниот алат со предниот дел на подлогата од
рендето (11).
Ставете го електричниот алат само кога е вклучен
u
на делот што се обработува. Инаку постои опасност
од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се
заглави во делот што се обработува.
Вклучете го електричниот алат и водете го со иста брзина
по површината што ја обработувате.
За постигнување на висококвалитетни површини,
работете со мала брзина и со постојан притисок на
центарот на подлогата на рендето.
При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво,
како и при користење на максималната ширина на
рендето поставете мала длабочина на стругање и ев.
намалете ја брзината на рендање.
Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните
површини и може да доведе до брзо затнување на
исфрлувачот на струготини.
Само острите секачи на рендето овозможуваат добар
капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на
електричниот алат.
Вградениот држач на рендето при паузирање (32)
овозможува продолжување на процесот на рендање
откако ќе прекинете, на одреден дел од парчето што се
обработува:
– Електричниот алат со надолу притиснат држач на
рендето при паузирање, поставете го на другото место
од делот што треба да продолжи да се обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Притиснете на предниот дел од подлогата на рендето и
полека турнете го електричниот алат нанапред (➊).
Притоа држачот на рендето при паузирање ќе се
притисне нагоре (➋), така што задниот дел на
подлогата на рендето повторно ќе легне на делот што
се обработува.
– Водете го електричниот алат со иста брзина по
површината што се обработува (➌).
Закосување на рабови (види слика P)
V‑жлебот на предната страна на подлогата на рендето
овозможува брзо и едноставно закосување на рабовите
од делот што се обработува. Употребете го соодветниот
V‑жлеб според саканата ширина на засекување. Притоа
поставете го рендето со V‑жлеб на работ од делот што се
обработува и водете го по должина на делот што се
обработува.
Bosch Power Tools
Употребен жлеб
нема
мала
средна
голема
Рендање со паралелен граничник (види слики K–M)
Монтирајте го паралелниот граничник (24) со завртката
за прицврстување (27) на електричниот алат. Во
зависност од примената, монтирајте го граничникот за
подесување на длабочината на засекот (31) со завртката
за прицврстување (30) на електричниот алат.
Олабавете ја завртката за блокирање (26) и подесете ја
саканата ширина на засекот (25). Повторно затегнете ја
завртката за блокирање (26).
Поставете ја саканата соодветна длабочина на засекот со
граничникот за подесување на длабочината на засекот
(31).
Повторете го процесот на рендање повеќе пати, додека
не ја постигнете саканата длабочина на засекот. Водете го
рендето со страничен притисок со налегнување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Олабавете го држачот на рендето при паузирање (32) и
чистете го редовно.
Откако ќе се искористат карбонските четки,
електричниот алат сам се исклучува. За одржување,
електричниот алат мора да се испрати во сервисната
служба, видете ги адресите во дел „Сервисна служба и
совети при користење".
Замена на погонскиот ремен (види слики Q–R)
Одвртете ја завртката (8) и извадете го поклопецот на
ременот (9). Извадете ги изабените погонски ремени
(33).
Пред да монтирате нов погонски ремен (33) исчистете ги
двете тркала за ременот (34) и (35).
Новиот погонски ремен (33) поставете го најпрво на
помалото тркало (35) и потоа навлечете го (рачно)
погонскиот ремен (33) со вртење на поголемото тркало
(34).
Погонскиот ремен (33) треба прецизно да поминува во
жлебовите на тркалата на ременот (34) одн. (35).
Македонски | 199
димензија a
(mm)
0–2,5
1,5–4,0
2,0–4,5
3,0–5,5
1 609 92A 8GN | (16.05.2023)

Publicidad

loading