УПОТРЕБА
• Комбиниран прекинувач A 2 за вклучување/
исклучување и за контрола на брзината
Брзината се контролира на степени од нула до
максимум со применување помалку или повеќе сила
врз активаторот
• Полнење на акумулаторска батерија 0
- полначот приклучете го на мрежен напон како на
илустрацијата
- ќе се запали зелената лампичка B покажувајќи
дека полначот е подготвен за работа
- батеријата ставете ја во полначот како на
илустрацијата
! батеријата може да остане во алатот и кога се
полни. во тој случај алатот не може да се
вклучи
- зелената светилка B ќе трепка што посочува дека
батеријата се полни
- по околу 1 час, батеријата ќе се наполни докрај и
зелената светилка B ќе свети постојано по
трепкањето
! откако батеријата ќе се наполни треба да се
извади од полначот, со што се продолжува
векот на траење на батеријата
ВАЖНО:
- ако зелената светилка B не трепка откако ќе се
вметне батеријата, тоа значи:
1) дека батеријата е премногу студена или
премногу врела (полначот полни само батерии
кога нивната температура е меѓу 0° C и 45° C)
2) дека батеријата треба да се смени
- литиум-јонската батеријата може да се полни во
кое било време (прекинувањето на процесот на
полнење не ја оштетува батеријата)
- литиум-јонската батерија не мора да биде празна
пред да се полни (нема „ефект врз долготрајноста„
како кај никел-кадмиумските батерии)
- при полнење полначот и батеријата се загреваат;
тоа е нормално и не претставува никаков проблем
- надворешните површини на батеријата треба да
бидат суви и чисти, пред да се стави батеријата во
полначот
- кај температури пониски од 0°C и повисоки од
45°C треба да се избегнува полнење; со тоа може
да се оштети полначот и акумулаторската
батерија
- батеријата не смее да се вади во текот на
работата на апаратот
- доколку не го користете уредот подолго време,
извлечете го мрежниот приклучок на полначот од
приклучницата
- алатот се исклучува автоматски кога ќе се
испразни литиум-јонската батерија
- значително намалениот период на работа по
полнењето посочува дека батеријата е стара и
треба да се замени
• Промена на насоката на ротација !
- ако левата/десната позиција не легнат како што
треба, прекинувачот A 2 нема да може да
стартува
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога
алатот се наоѓа во целосно мирување
• Замена на бургиите за дупчење @
- вметнете ја бургијата најдлабоко што можете во
држачот
- користете бургии на зашрафување во комбинација
со држач за бургии
! не употребувајте бургии со оштетена дршка
! употребувајте само остри бургии
• Контрола на вртежниот момент (VariTorque) #
- излезниот обрт ќе се зголемува ако прстенот на
активаторот C се врти од 1 кон 15; позицијата D ќе
го заклучи активаторот за да се овозможи
дупчење или извршување тешки работи
- при завртување на некоја завртка најпрво
започнете со положбата 1(VariTorque) и потоа
полека зголемувајте до достигнување на саканата
длабочина
• Избор на механички запченик $
- поставете го селекторот F на саканата брзина
! вклучете го изборот на брзини додека алатот
работи бавно
ГОЛЕМА МОЌНОСТ (HIGH POWER)
- голем момент на вртење
- за завртување и дупчење на отвори со голем
дијаметар
- за вибрациски навој
ПОВИСОКА БРЗИНА (HIGH SPEED)
- низок вртлив момент
- за дупчење отвори со мал дијаметар
• Индикатор за нивото на батеријата %
- покажува колку енергија останала во батеријата
- индикаторот G автоматски се вклучува кога ќе се
активира прекинувачот A 2
• Светло H ^
Светилката H се вклучува автоматски кога ќе го
активирате прекинувачот A 2
• Заштита на батеријата
Го исклучува алатот автоматски кога
1) оптоварувањето е преголемо
2) температурата на батеријата не е во дозволениот
опсег за температура од -10 до +60° C
3) литиум-јонската батерија е скоро празна (за да ја
заштити од целосно празнење)
- во секој случај, 3 ЛЕД-светилки на индикаторот за
ниво на батеријата G ќе трепкаат бргу
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот ќе се исклучи автоматски;
батеријата ќе се оштети
• Автоматско заклучување на осовината
- кога прекинувачот A 2 не е притиснат, осовината
е заклучена
- тоа ви овозможува да го користите алатот како
шрафцигер (дури и кога е празна батеријата)
• Држење и насочување на алатот &
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- отворите за ладење J 2 држете ги отворени
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
120