СЕРТИФИКАЦИЈА
PALLAS B3 i-SIZE
UN R129/03
i-Size Universal ISOFIX
Возраст: > 15 месеци до околу 12 години
76cm – 105cm / ≤ 21kg
Specific Vehicle Booster Seat
Pallas B3 i-Size со штитник од удар:
100cm – 150cm
76 cm – 105 cm, > 15 m, макс. 21 kg
030110
Pallas B3 i-Size со автоматски ремен со три
UN Regulation No. 129/03
точки: 100 cm – 150 cm
Cybex GmbH
Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth
Germany
Благодариме што одлучивте да го купите детското седиште Pallas B3
i-Size за вашиот автомобил.
Внимателно прочитајте го ова упатство за употреба пред да го
инсталирате детското седиште во вашето возило и секогаш чувајте
го при рака за понатамошна употреба.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА
•
Не смеат да се прават никакви модификации или промени на детското
седиште без одобрение од надлежниот орган за хомологација.
•
За вашето дете да биде соодветно заштитено, апсолутно е неопходно
да го користите седиштето како што е опишано во ова упатство.
•
Да не се користи за деца на возраст помала од 15 месеци и со висина
под 76 cm.
•
Ова детско седиште може да се монтира единствено на седиштата во
возилото кои, според прирачникот за возилото, се одобрени за употреба
на системи за безбедносно врзување на деца.
•
Погодно е само за седишта во возила со автоматски ремени со три
точки одобрени во согласност со Регулативата на ОН бр. 16 или
споредлив стандард.
•
Не користете никакви контактни точки за прицврстување, освен оние
опишани во упатствата и означени на безбедносното врзување за деца.
•
Целата површина на наслонот за грб на детското седиште мора да биде
во контакт со наслонот за грб на возилото.
•
При прицврстување на детето со штитник од удар (76 cm – 105 cm,
> 15 m, макс. 21 kg), прицврстувањето на краците со заклучување
ISOFIX не е доволно: апсолутно е неопходно дополнително да се
закачи горниот ремен за врзување.
•
Горниот ремен за врзување може да се прицврсти само на означена
точка за прицврстување.
•
За употреба помеѓу висински опсег од 76 cm – 100 cm мора да се
користи штитникот од удар.
•
Ременот за рамо мора да оди нагоре и назад во навалување. Никогаш
не смее да оди напред до горната точка за појас во вашето возило.
•
Токата на појасот на возилото никогаш не смее да го преминува наслонот
за рака на седиштето. Доколку ременот на појасот е предолг, ова детско
седиште не е соодветно за употреба во оваа позиција во возилото.
•
Појасот со три точки мора да поставува само низ назначените места на
поминување. Местата за поминување на појасот се детално опишани во
ова упатство и се означени со зелено на детското седиште.
•
Ременот за скутот мора да поминува што е можно пониско врз препоните
на вашето дете за да има оптимален ефект во случај на несреќа.
•
Пред секоја употреба, проверете дали штитникот од удар или
автоматскиот ремен со три точки на возилото се правилно наместени
и цврсто се вклопуваат во телото на детето. Никогаш не превиткувајте
го ременот!
•
Сите ремени мора да бидат затегнати и не смеат да се превиткуваат!
•
Само оптимално приспособен наслон за глава може да му понуди
на вашето дете максимална заштита и удобност, истовремено
обезбедувајќи дека ременот за рамо може да се постави непречено.
•
Детското седиште мора секогаш да се користи со прицврстен наслон за
грб. Наслонот за грб смее да се вади само за чистење или складирање.
•
Детското седиште мора секогаш да биде правилно прицврстено во
возилото дури и кога не се користи.
•
Секогаш внимавајте да не се заглави детското седиште кога ја затворате
вратата на автомобилот или го приспособувате задното седиште.
•
Детското седиште е исто така тестирано и хомологирано без Линеарни
заштитници од страничен удар (L.S.P.)
•
Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да
бидат цврсто зацврстени. Во спротивно, тие може да бидат исфрлени
во автомобилот, што може да предизвика фатални повреди.
•
Детското седиште никогаш не смее да се користи без покривката
за седиштето. Смее да се користи само оригинална покривка на
седиштето CYBEX, бидејќи покривката е клучен елемент од функцијата
на седиштето.
•
Никогаш не оставајте го вашето дете во автомобилот без надзор.
•
Деловите во системот за безбедносно врзување на деца се загреваат
на сонце и потенцијално може да ја изгорат кожата на вашето дете.
Заштитете го вашето дете и детското седиште од директно изложување
на сончева светлина.
•
Во случај на несреќа, може да дојде до оштетување на детското
седиште кое не е видливо со око. Заменете го седиштето по несреќа.
Доколку имате каков било сомнеж, контактирајте со овластениот
застапник или производителот.
MK
137