Descargar Imprimir esta página

AEG NIG64B30AB Manual De Instrucciones página 254

Ocultar thumbs Ver también para NIG64B30AB:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 418
7.1 Садови за готвење
За индуктивни рингли, силно
електромагнетно поле ја создава
топлината во садовите за готвење
многу брзо.
Користете ги индуктивните рингли со
соодветни садови за готвење.
• За да се спречи прегревање и да се
подобри работата на ринглите,
садовите за готвење мора да бидат што
е можно подебели и рамни.
• За функција Пржење користете само
тави со рамно дно.
• Осигурете се дека дното на садовите за
готвење се чисти и суви пред да ги
ставите на површината на плочата за
готвење.
• Секогаш внимавајте да не го лизгате
или триете садот за готвење на
рабовите и аглите на стаклото или на
страничната облога бидејќи може да се
скрши или оштети стаклената
површина.
Материјал на садовите за готвење
• погоден: лиено железо, челик,
емајлиран челик, челик што не `рѓосува,
повеќеслојно дно (означено како
погодно од производителот).
• непогоден: алуминиум, бакар, бронза,
стакло, керамика, порцелан.
Садовите за готвење се погодни за
индуктивната плоча за готвење ако:
• водата врие многу брзо на рингла
поставена на највисоката поставка за
јачина на топлината.
• магнет се привлекува на дното на садот
за готвење.
Димензии на садовите за готвење
• Индуктивните рингли автоматски се
прилагодуваат на димензиите на дното
на садот за готвење.
• Ефикасноста на ринглата е поврзана со
дијаметарот на садот за готвење. Садот
за готвење со дијаметар којшто е помал
од минималниот добива само дел од
енергијата којашто ја испушта ринглата.
• Заради безбедносни причини и за
постигнување оптимални резултати од
254
МАКЕДОНСКИ
готвењето, не користете садови за
готвење поголеми од наведеното во
„Спецификации на ринглите".
Избегнувајте да ги држите садовите за
готвење во близина на контролната
плоча во текот на готвењето. Тоа може
да влијае на функционирањето на
контролната плоча или ненамерно да ги
вклучи функциите на површината за
готвење.
Видете во „Технички податоци".
7.2 Звуци за време на работата
Ако слушнете:
• звук на пукање: садот за готвење е
направен од различни материјали
(сендвич конструкција).
• звук на свиркање: ја користите ринглата
на голема јачина и садовите за готвење
се направени од различни материјали
(сендвич конструкција).
• ѕунење: користите високо енергетско
ниво.
• кликање: се појавува електрично
префрлување, садот за готвење е
откриен откако сте го ставиле на
плочата за готвење.
• пиштење, брмчење: вентилаторот
работи.
Звуците се нормални и не се знак за
неисправност.
7.3 Препораки и совети за
Hob²Hood
Кога ракувате со плочата за готвење со
функцијата:
• Заштитете ја плочата на аспираторот
од директна светлина.
• Не ставајте халогена светилка на
плочата на аспираторот.
• Не ја покривајте плочата на плочата за
готвење.
• Не го прекинувајте сигналот помеѓу
плочата за готвење и поклопецот (на
пример со рака или со рачка од сад за
готвење или висок лонец). Видете ја
сликата.
Аспираторот на сликата подолу е само
за илустрација.

Publicidad

loading