156 | Македонски
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Вадење на батеријата (види слика A)
За да ја извадите батеријата (8) притиснете на копчето за
отклучување (7) и извлечете ја батеријата надолу од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Промена на алат
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Ставање на алатот за вметнување (види слика B)
GDR 12V-110:
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред,
алатот што се вметнува ставете го до крај во прифатот за
алат (1) и повторно олабавете ја чаурата за заклучување
(2), за да го блокирате алатот за вметнување.
Битовите за одвртувачот (15) може да ги ставите со
помош на универзален држач за битови со топчест
затворач (14).
Ставање на алатот за вметнување (види слика C)
При ставањето на алатот за вметнување,
u
внимавајте тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот за алат, може да се олабави за време на
одвртувањето.
GDS 12V-115:
Поставете го алатот за вметнување (16) на
четириаголниот прифат за алат (1).
Во зависност од системот, алатот за вметнување (16) ќе
се постави на прифатот за алат со мали движења (1); ова
нема влијание на функцијата/безбедноста.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред и
извадете го алатот за вметнување.
1 609 92A 7X1 | (15.07.2022)
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат
во погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови
и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (9)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија (8) вметнете ја во
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на
рачката.
Подесување на правецот на вртење (види слика D)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (9)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е
возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и
прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот
за менување на правец на вртење (9) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (9) на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(10) и држете го притиснат.
Светлото (3) свети доколку прекинувачот за вклучување/
исклучување (10) е половично или целосно притиснат и
овозможува осветлување на работното поле при
неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (10).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (10).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (10) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Bosch Power Tools