Descargar Imprimir esta página

SKIL MASTERS 1094 Manual Original página 147

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 47
напојување може да биде оштетена другата опрема
(доколку имоенданцијата на напојување со
електрична енергија е помала од 0,25 ома, не постои
можност да дојде до нарушувања); доколку ви е
потребно дополнително објаснување, можете да се
обратите до локалната служба за снабдување со
електрична енергија
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
• Доколку дојде до прекин на струја или случајно
откачување на приклучокот, отпуштете го
прекинувачот H 2 за да попречите неконтролирано
повторно подвижување
ПО УПОТРЕБА
• По исклучувањето на електричниот алат, никогаш не
го запирајте вртењето на приборот со користење на
странична сила
УПОТРЕБА
• Поставување на приборот 2
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- исчистете го вретеното A и сите делови што ќе ги
поставите
- затегнете го крилцето за стегање B со клуч C
додека го притискате копчето за заклучување на
осовината D
! притискајте го копчето за заклучување на
осовината D само кога осовината A е целосно
застаната
- за отстранување на прибор се справи обратно
! ако дисковите за брусење/сечење во текот на
работата многу се загреат; не ги допирајте
додека целосно не се оладат
! никогаш не користете дискови за брусење/
сечење без ознака ("blotter") што е залепена
на дискот
• Поставување на помошната рачка F 5
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- зашрафете ја дополнителната рачка F оддесно,
горе и одлево на алатот (зависно од работата што
треба да се заврши)
• Отстранување/поставување/прилагодување на
заштитниот механизам G 6
! извлечете го приклучокот ако кабелот
! водете сметка затворената страна на
заштитниот механизам секогаш да биде
свртена кон операторот
- стегање моќ на рачката Y може да се прилагоди
со затегнување на шрафот Х којшто е веќе
поставен при производството (проверете дали
заштитниот браник е затворен)
• Пред користење на електричниот алат
- проверете дали е приборот исправно поставен и
силно прицврстен
- проверете дали приборот може да се помести,
така што рачно ќе го стартувате
- пробно вклучете го алатот најмалку 60 секунди на
најголема брзина во празен од и во сигурна
положба
- веднаш престанете со работата доколку дојде до
поголеми вибрирања или други неправилности во
работата и прегледајте го алатот, за да ја
одредите причината
• Електронско меко вклучување
Обезбедува внимателно постигнување максимална
брзина без неочекувано влијание кога ќе се вклучи
алатот
• Безбедносен прекинувач за вклучување/
исклучување H 7
- вклучете на алатот 7a
! пред дополнителниот дел да го допре делот
за работа, алатот мора да работи со полна
брзина
- исклучете на алатот 7b
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
! приборот се врти уште некое време по
исклучувањето на електричниот алат
• Три позиции за рачките 8
• Брусење 9
- придвижувајте го електричниот алат напред-назад
со лесен притисок
! никогаш не користете диск за сечење за
странично брусење
• Сечење 0
- при сечењето не го навалувајте алатот
- секогаш движете го алатот во правец на
стрелките на врвот на алатот, за да спречите
алатот неконтролирано да се лизне од резот
- не го притискајте електричниот алат; пуштете го
дискот за сечење да работи сам
- со страничен притисок може да го скршите дискот
за сечење
• Држење и насочување на алатот
- електричниот алат секогаш држете го силно со
двете раце, за да можете во секој момент да
имате целосна контрола врз него
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја !
- секогаш бидете во сигурна положба
- обрнете внимание на насоката на ротација,
електричниот алат секогаш држете го така за
искрите и прашината од брусењето/сечењето да
летаат во насока спротивна од телото
- отворите за ладење K 2 држете ги отворени
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење K 2)
! не обидувајте се да ги чистите отворите за
вентилација со вметнување на остри предмети
низ отворите
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
147

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

F0151094