2.8. Ногарки за балансирање
Шематски приказ на ногарките за балансирање
(Оваа слика погоре е само за референца. Вистинската конфигурација може да зависи
од типот на фрижидер кој го имате купено.)
Процедура на прилагодување :
А. Завртете ги ногарките во насока на стрелките на часовникот за да го подигнете
фрижидерот.
Б. Завртете ги ногарките во насока спротивна од стрелките на часовникот за да го
спуштите фрижидерот.
В. Прилагодете ги десните и левите ногарки според процедурата за да добиете рамно
хоризонтално ниво на фрижидерот.
3. Одржување на фрижидерот
3.1. Чистење
Прашината позади фрижидерот и на земјата треба да биде редовно бришена за да се
подобри ефектот на ладење и заштедување на електрична енергија.
Проверете дали вратата на фрижидерот содржи ѓубре или остатоци од храна.
Исчистете ја вратата на фрижидерот доколку е тоа потребно со мека крпа навлажнета во
сапунеста вода или растворен детергент.