Descargar Imprimir esta página

Beko BBUE1134T0XMP Instrucciones De Instalación página 63

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 37
или да доаѓа во допир со жешките
делови на шпоретот. Инаку може да
дојде до краток спој и шпоретот да се
запали поради топењето на кабелот.
Ако електричниот кабел се оштети,
мора да го замени квалификуван
електричар. Инаку може да настане
струен удар, краток спој или пожар!
• Приклучокот на електричниот кабел
треба да биде лесно достапен по
инсталирањето (но не смее да биде
над плотните).
• При поврзувањето на жиците, мора да
ги задоволите националните/локалните
прописи за електрика и да користите
штекер/линија и приклучок погодни
за вашиот апарат. Ако вредностите
на моќноста на струјата на која
работи производот го надминуваат
капацитетот на приклучокот и на
штекерот/линијата, мора да го поврзете
производот директно за фиксната
електрична инсталација без да ги
користите приклучокот и штекерот/
линијата.
• Внимавајте осигурувачот да одговара
на производот.
• Поврзувањето мора да биде во склад
со националните прописи.
• Податоците за електричната мрежа
мора да бидат во склад со податоците
што се наведени на етикетата за типот
на производот. Можете да ја видите
етикетата за типот на шпоретот на
дното на шпоретот, а за да ја видите
етикетата со типот на рерната отворете
ја вратата на рерната.
• Електричниот кабел на производот
мора да одговара на вредностите
наведени во табелата во делот
"Технички спецификации".
• Ако производот биде поврзан
директно за доводот на струја:
Ако не е можно да се прекинат сите
полови на доводот на струја, мора да
се поврзе и единица за прекинување
со најмалку 3 mm слободен простор
за контакт (осигурувачи, сигурносни
прекинувачи, контактори) и сите полови
на оваа единица мора да бидат во
близина на производот (не над него)
во согласност со IEE директивите.
Пропустот да се следи ова упатство
може да води до проблеми во
работењето на производот и
гаранцијата може да изгуби важност.
• Се препорачува дополнителна заштита
со додатен прекинувач на струја.
Ако апаратот е произведен со
кабел:
• Поврзете го кабелот на производот со
доводот на струја како што е наведено
подолу:
Ако електричниот кабел е со 5
спроводници, за трофазно поврзување:
- (BRW) Кафеав = L1 (фаза)
- (BLA) Црн = L2 (фаза)
- (GRE) Сив = L3 (фаза)
- (BLU) Син = N (нулти)
- (GR/YE) Зелена/жолта жица = (E)
(заземјување)
3 N AC 380-415 V
Ако апаратот е произведен без
кабел:
Електричен кабел со карактеристики
наведени во табелата со технички
спецификации мора да биде поврзан
со производот во склад со дадените
упатства. Електричниот кабел не смее да
биде подолг од 2 m поради безбедносни
причини.
• Отворете го со шрафцигер заштитниот
капак на терминалот.
• Вметнете го електричниот кабел во
држачот за кабел под терминалот
и прицврстете го за куќиштето со
интегрираниот шраф на елементот за
придржување на кабелот.
• Поврзете ги каблите според дадениот
дијаграм.
BRW
L1
BLA
L2
GRY
L3
BLU
N
E
GR/YE
63

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Bbum13340xmpef