Descargar Imprimir esta página

Beko BBUE1134T0XMP Instrucciones De Instalación página 64

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 37
* Бакарен мост
* Copper bridge (EN)
Ако електричниот кабел е со 5
спроводници, за трофазно поврзување:
- Кафеав = L1 (фаза)
- Црн = L2 (фаза)
- Сив = L3 (фаза)
- Син = N (нулти)
- Зелена/жолта жица = (E)
(заземјување)
• Откако ќе го завршите поврзувањето
на жиците, затворете го заштитниот
капак на терминалот.
• Поврзете го електричниот кабел за
доводот на струја така што ќе му
направите патека да не го допира
производот и да не се гмечи помеѓу
производот и ѕидот.
Заштита од евентуален пожар!
• Погрижете се сите електрични
поврзувања да бидат безбедни и
цврсти за да не се појави опасност од
искри.
• Не користете оштетени електрични или
продолжителни кабли.
• Погрижете се местото на електрично
поврзување да нема никаков допир со
течност или влага.
Местење и фиксирање на
шпоретот (Слики 5-6-7-8)
• Откако ќе го подготвите местото за
инсталирање на производот, превртете
го шпоретот наопаку и ставете го на
рамна површина.
• Добро наместете ја заптивката што е
испорачана заедно со апаратот околу
плочата за готвење за да биде 1-2
mm навлезена во надворешниот раб
на стаклото, како што е прикажано на
слика 5. Проверете да нема празен
простор меѓу двата краја и меѓу
стаклото и заптивката.
• Зашрафете ги и прицврстете ги
пружините за прицврстување
64
3N AC 380-415 V
испорачани со апаратот така што ќе
ги прикачите за нивното лежиште
на долното куќиште на плочата за
готвење, како што е прикажано на
слика 6. (Кај некои модели, овие
пружини може да бидат прицврстени за
апаратот уште во фабриката.)
• Вклучете го повторно шпоретот и
порамнете го со работната површина,
а потоа ставете го врз работната
површина. Шпоретот ќе се постави на
работната површина благодарение на
пружините и ќе биде лено прицврстен.
• Внимавајте плочата за готвење
и работната површина да бидат
паралелни кога ќе го поставувате
шпоретот на работната површина.
Ако не се паралелни, поврзете
ги дополнителните стегачи за
инсталирање доставени со апаратот,
како што е прикажано на слика 8.
На слика 8 се прикажани можните
местоположби на стегачите при
инсталирањето. (Местата на кои
можат да е прикачат стегачите се
разликува во зависност од моделот
на производот. Може да ги поврзете
според отворите за монтирање на
вашиот шпорет.) Обрнете внимание на
паралелната поставеност со тоа што ќе
ги прикачите стегачите на соодветните
места. Типот и квалитетот на
стегачите што се доставени заедно со
производот може да се разликуваат во
зависност од моделот на производот.
Поврзување на плотната и
рерната и поставување и
фиксирање на рерната (Слика 9a-
9b-10-11)
• Поврзете ја рерната со еектричната
мрежа.
• Најмалку две лица треба со лизгање
да ја внесат рерната до половина на
плакарот.
• Ако видот за готвење е
витроцерамичен: Шпоретот има
штекер и кабел за заземјување кои
треба да се поврзат со рерната.
Како што е прикажано на слика 9a,
поврзете го штекерот со неговиот
отвор на рерната така што боите ќе
се совпаѓаат. Прицврстете го кабелот
за заземјување со шрафот, како што е
прикажано на слика 9a.

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Bbum13340xmpef