Descargar Imprimir esta página

Bosch GSH 3 E Professional Manual Original página 100

Ocultar thumbs Ver también para GSH 3 E Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 17
100 | Македонски
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Вклучување/исклучување
– За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) и држете го притиснат.
– За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (5) притиснете го копчето
за фиксирање (4).
– За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (4),
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) и потоа отпуштете го.
На ниски температури електричниот алат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари. Ова стартно време може да го скратите, така што
алатот што е вметнат во електричниот апарат ќе го
притиснете еднаш на подот.
Подесување на бројот на удари
Бројот на удари на вклучениот електричен алат може да
го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (5).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) се постигнува мал број на удари. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
удари.
Промена на позицијата за длетување (Vario Lock)
Длетото може да го фиксирате во 12 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Притиснете го прстенот за подесување на длетото (3)
нанапред и со помош на прстенот за подесување (3)
свртете го длетото во саканата позиција.
– Отпуштете го прстенот за подесување на длетото (3) и
вртете го длетото додека не се вклопи.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
1 609 92A 9AA | (26.03.2024)
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Подмачкување на електричниот алат
Електричниот алат е подмачкан со масло.
Менувањето на маслото за подмачкување е потребно
само во рамки на одржување или поправка од страна на
овластена сервисна служба за Bosch-електрични алати.
Затоа мора да се користи соодветното Bosch-масло.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Отстранување
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните алати во
домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Електричните алати кои повеќе не се употребливи мора
да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените
системи за собирање.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и
електронската опрема може да имаат штетни влијанија
Bosch Power Tools

Publicidad

loading