Descargar Imprimir esta página

FRIGOGLASS MAX-150 B Manual De Usuario página 174

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 110
Друг проблем е што овие типови на уреди може да содржат гасови како што се
хидрофлуорокарбонати (HFC) што се користат како средство за разладување.
Хидрофлуорокарбонатите (HFC) се стакленички гасови кои, кога се испуштаат во атмосферата,
придонесуваат за климатските промени.
Флуоресцентното осветлување од уредот може да содржи потенцијално штетни супстванции,
како што се токсични тешки метали, а особено жива, кадмиум и олово. Ако влезат во телото,
овие супстанции може да предизвикаат оштетување на црниот дроб, бубрезите и мозокот.
Живата е и невротоксин и има способност да се пренесува во ланецот на исхрана.
За да помогнете во процесот на обновување и рециклирање на овој апарат, не
расклопувајте или не кршете делови од апаратот пред собирањето. Со отстранување на
делови од апаратот, можете да ја намалите стапката на рециклирање.
2.
Симболот прикажан на Слика 1 подолу, кој исто така го има на етикетата на производот
во внатрешноста на апаратот, укажува на потребата за посебно собирање на електрична
и електронска опрема врз основа на Директивата ОЕЕО на Европската Заедница (ЕЗ).
Забелешка: Како краен корисник, одговорни сте да го помогнете рециклирањето така што ќе се
осигурате дека апаратот не се фрла со несортираниот комунален отпад, туку се собира
одделно од компанија за рециклирање. Обратете се кај соодветната компанија за
рециклирање или локалната канцеларија за продажба на Frigoglass за дополнителни
информации во врска со аранжманите за рециклирање.
3.
Конечно, почитувајте ги сите закони за рециклирање што важат во Вашата заедница или
земја.
13. Гаранција
Овој апарат е под гаранција бидејќи така е договорени при неговата продажба.
Слика 1 - Прецртана корпа за отпадоци на тркала
MKD
174

Publicidad

loading