Descargar Imprimir esta página

Bosch GDR Professional 18V-210 C Manual Original página 208

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
208 | Македонски
LED светилки
Трепкаво светло 1× зелено
Активирање на Bluetooth® Low Energy модул
GCY 42 (опрема)
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Промена на алат
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Ставање на алатот за вметнување (види слики A – B)
GDR 18V-210 C / GDX 18V-210 C:
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред,
алатот што се вметнува ставете го до крај во прифатот за
алат (1) и повторно олабавете ја чаурата за заклучување
(2), за да го блокирате алатот за вметнување.
Битовите за одвртувачот кои се отпорни на удари (12)
може да ги ставите со помош на универзален држач за
битови со топчест затворач (13).
Ставање на алатот за вметнување (види слики B – C)
GDX 18V-210 C / GDS 18V-210 C:
При ставањето на алатот за вметнување,
u
внимавајте тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот за алат, може да се олабави за време на
одвртувањето.
Поставете го алатот за вметнување (14) на
четириаголниот прифат за алат (1).
Во зависност од системот, алатот за вметнување (14) ќе
се постави на прифатот за алат со мали движења (1); ова
нема влијание на функцијата/безбедноста.
Некои алати за вметнување (на пр. двојните битови) не
може сигурно да се прицврстат во прифатот за алат.
Вадење на алатот за вметнување (види слики A– B)
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред и
извадете го алатот за вметнување.
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат
во погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизам во
акција).
1 609 92A 8XL | (31.08.2023)
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
Капацитет
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
0−5 %
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови
и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Прекинувачот за правец на вртење (8) поставете го во
средната позиција, за да го заштитите електричниот алат
од невнимателно вклучување.
Наполнетата батерија (4) ставете ја во подножјето на
електричниот алат, додека не се заклучи батеријата.
Подесување на правецот на вртење (види слика D)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (8)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (9) е притиснат ова не е
возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и
прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот
за менување на правец на вртење (8) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (8) на десно до крај.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (9).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (9) се постигнуваат мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(9) и држете го притиснат.
Работното светло (18) свети при малку или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (9) и
овозможува осветлување на работното поле при услови
на слаба осветленост.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
Кориснички интерфејс (види слика E)
Корисничкиот интерфејс (6) служи за претходно
избирање на бројот на вртежи и на режимот на работење,
како и за прикажување на состојбата на електричниот
алат.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gdx professional 18v-210 cGds professional 18v-210 c