Descargar Imprimir esta página

Philips HD7888 Manual Del Usuario página 610

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 137
Македонски
610
Внимание
Електромагнетни полиња (EMF)
-
Немојте да го оставите кабелот за напојување да виси преку работ на
масата или работната површина на која е поставен апаратот.
-
Апаратот користете го само за неговата предвидена намена за да
избегнете потенцијална опасност или повреда.
-
Секогаш плакнете го апаратот со свежа вода пред првата употреба.
-
Не ставајте го апаратот на жешка површина и не дозволувајте кабелот за
напојување да дојде во контакт со жешки површини.
-
Не ставајте го апаратот во комода кога го користите.
-
Исклучете го апаратот од штекер пред да го чистите и ако се појават
проблеми при варењето.
-
Секогаш чистете го апаратот откако ќе се олади.
-
За време на варењето и одржувањето топлина, резервоарот за вода,
држачот за филтер, грејната плоча, долниот дел на апаратот и бокалот
наполнет со кафе се жешки дури и по одредено време.
-
Не ставајте го бокалот на рингла или во микробранова печка за да го
подгреете кафето.
-
Овој апарат е наменет за користење во домаќинства и слични места како
што се викендички, угостителски објекти што нудат ноќевање и појадок,
кујни за персоналот во продавници, канцеларии и други работни
опкружувања, како и од гостите во хотели, мотели и други видови
сместување.
-
Секогаш доставувајте го апаратот во овластен сервисен центар на Philips
за испитување или поправка. Не отворајте го апаратот и не обидувајте се
сами да го поправите.
-
Површината на грејниот елемент, држачот за филтер, долниот дел на
апаратот, грејната плоча и бокалот наполнет со кафе задржуваат
топлина одредено време по употребата.
-
Освен ако не е поинаку назначено, целата амбалажа во кутијата е
направена од рециклирана хартија; видете ја ознаката PAP на кутијата.
Отстранување бигор
-
Отстранете го бигорот од кафематот кога на екранот ќе видите
предупредување за отстранување бигор. За отстранување на бигорот
користете само бел оцет, бидејќи други производи може да го оштетат
апаратот.
Овој апарат од Philips е усогласен со стандардите за електромагнетни
полиња (EMF).

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Hd7888/01