Не ја ставајте батеријата во батерискиот адаптер, доколку
u
копчињата за отклучување се скршени или дефектни.
Батеријата би можела да испадне за време на употребата.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
u
При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да
u
излезе пареа. Батеријата може да се запали или да
експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени
однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
При погрешно користење или при оштетена батерија може да
u
истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт
со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста,
исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од
батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр.
u
клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да
дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да
пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
Bosch Power Tools
Македонски | 295
1 609 92A 97A | (15.01.2024)