Во случај кога ќе го закачите на ременот, прво
протнете го приклучокот на јакната низ дупката внатре
во џебот за држачот на батеријата, и поврзете ги
држачот на батеријата и кабелот за напојување на
јакната. Потоа, закачете до држачот на батеријата на
вашиот ремен.
Поврзување USB-уред (Сл. 5)
ВНИМАНИЕ:
• Во отворот за USB за снабдување со електрична
енергија, поврзувајте само уреди што се
компатибилни со извор на електрична енергија DC
5V, 2,1A. Во спротивно, може да дојде до дефект на
држачот на батеријата.
Држачот на батеријата (со батеријата) може да работи
како надворешен уред за снабдување со електрична
енергија за USB-уред. Поврзете го кабелот за USB (не
е вклучен во пакетот) во отворот за снабдување со
електрична енергија на на држачот на батеријата. И
потоа, поврзете го другиот крај од кабелот со уредот.
Вклучете го прекинувачот веднаш до отворот за USB.
Кабелот за USB може да се постави внатре во елекот
заради удобност користејќи го дупчето на џебот и
држачот на кабел.
НАПОМЕНА:
• Пред да поврзете USB-уред во полначот, секогаш
правете резервни копии од вашите податоци што се
наоѓаат на USB-уредот. Во спротивно, постои
можност да дојде до загуба на вашите податоци.
• Полначот може да не полни одредени USB-уреди.
• Кога не се користи или по полнење, вадете го USB-
кабелот и затворајте го капакот.
• Додека е вклучен прекинувачот веднаш до отворот
за USB, моќноста на батеријата се троши. Секогаш
кога не се користи, исклучувајте го прекинувачот.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Не користете нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување, секогаш
проверувајте дали елекот е исклучен и касетата со
батеријата е извадена.
Ако елекот не се вклучува или настанува каков било
друг проблем со целосно полна касета со батерија,
исчистете ги контактите на држачот на батеријата и
касетата со батеријата. Ако елекот и натаму не работи
исправно, запрете со употребата на елекот и
контактирајте наш овластен сервисен центар.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат за
користење со алатот од Makita дефиниран во
упатството. Со користење друг прибор или додатоци
може да се изложите на ризик од телесни повреди.
Користете ги приборот и додатоците само за нивната
назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
• Оригинални батерија и полнач Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени во пакетот како стандарден прибор. Тоа
може да се разликува од земја до земја.
115