ЖИВОТНА СРЕДИНА
За да се спречи оштетување на машината при
транспорт, она се испорачува во тврдо
пакување. Повеќе материјали за пакување
можат да се рециклираат. Однесете ги овие
материјали на соодветни локации за
рециклирање.
Дефектни и/или отфрлени
електрични или електронски
апарати треба да се собираат на
соодветни локации за рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад.
Според Европското Упатство 2012/19/ EU за
отпадна електрична и електронска опрема и
неговата имплементација во националното
право, електричните алати кои веќе не се
употребливи мораат да се собираат одделно и
да се отстрануваат на еколошки начин.
ГАРАНЦИЈА
Гарантните условите се дадени во посебна
гарантна картичка.
Производот и упатството се предмет на
промена. Карактеристиките можат да се
променат без натамошно известување.
133