Режим На Работа Мерење На Косини - Bosch GAM 270 MFL Professional Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para GAM 270 MFL Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 37
208 | Македонски
3. MTR: пресметување на хоризонталниот агол на закосување
(Miter Angle)
Одново притиснете го копчето MTR2 (16). На екранот се појавуваат
MTR и пресметаниот хоризонтален агол на закосување за пилата за
отсекување и сечење под агол. Со помош на хоризонталниот агол на
закосување ќе се утврди вртењето на масата за пила (MTR).
4. BVL: пресметување на вертикалниот агол на закосување
(Bevel Angle)
Одново притиснете го копчето MTR2 (16). На екранот се појавуваат BVL
и пресметаниот вертикален агол на закосување за пилата за отсекување
и сечење под агол.
Со помош на вертикалниот агол на закосување ќе се утврди косината на
сечилото за пила (BVL).
По потреба, хоризонталните и вертикалните агли на закосување можат
одново да се повикаат, ама само додека не се притисне копчето за
вклучување/исклучување (14) за промена на режимот на работа. За
повикување на аголот притиснете на копчето MTR2 (16). На екранот се
појавуваат MTR и пресметаниот хоризонтален агол на закосување, по
одново притискање на копчето MTR2 (16) BVL и вертикалниот агол на
закосување.
Притиснете на копчето MTR1 (15) пократко од 1 s, за да се вратите од
режимот на работа „Двојно закосување" во режимот на работа
„Стандардно мерење".
Напомена за режим на работа „Двојно закосување"
Пресметаниот хоризонтален агол на закосување MTR може да се
преземе само за пили за отсекување и сечење под агол, каде
поставувањето за вертикално сечење изнесува 0°. Доколку
поставувањето за вертикално сечење изнесува 90°, аголот на сечење
мора да го пресметате на следниот начин:
90° – прикажан агол MTR = аголот кој треба да се постави на пилата.
Режим на работа мерење на косини
Вклучување/исклучување на ласерот
За вклучување на ласерските зраци притиснете го копчето за
вклучување/исклучување на ласерот (18).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не
u
погледнувајте директно во него, дури ни од голема
оддалеченост.
За исклучување на ласерските зраци одново притиснете го копчето за
вклучување/исклучување на ласерот (18).
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го
u
по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот
зрак.
Доколку не го користите ласерот, исклучете го, за да заштедите
енергија.
Замена на мерна единица (види слика B)
Во секое време можете да смените помеѓу мерните единици „°", „%" и
„mm/m". За тоа, притискајте го копчето за промена на мерните
единици (20) додека не се појави саканата мерна единица на
приказот (k) одн. (m). Актуелната измерена вредност (n) автоматски ќе
се пресмета.
При исклучување и вклучување на мерниот уред, поставката на мерната
единица останува зачувана.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето сигнален тон (19) можете да го вклучите и исклучите
сигналниот тон. При вклучен сигнален тон, на екранот се појавува
приказот за сигнален тон (o).
При исклучување и вклучување на мерниот уред, поставката за
сигналниот тон останува зачувана.
1 609 92A 58L | (22.11.2019)
BVL
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido