3. Ако го испуштите или го удрите вентилаторот, внимателно проверете дали има пукнатини или оштетувања
пред работењето.
4. Не приближувајте го блиску до шпорети или други извори на топлина.
5. Не употребувајте го ако има скршени, свиткани, напукнати или оштетени делови. Секој безжичен
вентилатор кој е оштетен на каков било начин или работи невообичаено веднаш мора да се отстрани од
употреба. Проверувајте го пред секое работење.
6. Не оставајте го безжичниот вентилатор вклучен и без надзор.
7. Не користете го неправилно адаптерот за електрично напојување. Никогаш не користете го кабелот на
адаптерот за да го носите вентилаторот или да го исклучите приклучокот од приклучницата. Чувајте
го адаптерот за електрично напојување подалеку од топлина, масло, остри рабови или делови што се
движат. Веднаш заменете го оштетениот адаптер. Оштетениот адаптер може да го зголеми ризикот од
струен удар.
ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА
УПОТРЕБА И ГРИЖА ЗА БЕЗЖИЧНИОТ ВЕНТИЛАТОР
1. Користете го соодветниот безжичен вентилатор за вашата примена. Не користете го вентилаторот за цел
за која не е наменет.
2. Безжичниот вентилатор може да работи со доставениот адаптер за електрично напојување или со батерија
10,8 V / 10,8 V–12 V макс. Li-ion која е доставена од Makita. Употребата на какви било други батерии може да
создаде ризик од пожар. Полнете ги батериите само со наведениот полнач.
3. Складирајте го безжичниот вентилатор што е во мирување надвор од дофат на деца и други необучени
лица.
4. Исклучете ја батеријата или адаптерот за електрично напојување од напојувањето пред да го складирате
вентилаторот. Ваквите превентивни безбедносни мерки може да го намалат ризикот од несакано
вклучување на вентилаторот. Секогаш исклучувајте го вентилаторот од неговата електрична приклучница
пред да вршите каква било постапка на проверка, одржување или чистење.
5. Кога батеријата не се користи, чувајте ја подалеку од други метални предмети. Предизвикување на краток
спој со спојување на половите на батеријата може да предизвика искри, изгореници или пожар.
6. Исклучете го уредот и дозволете да се излади пред да вршите какво било чистење или одржување.
СЕРВИС
1. Сервисот на безжичниот вентилатор мора да се извршува само од квалификуван сервисен персонал.
Сервисот или одржувањето извршени од страна на неквалификуван перонал може да доведат до ризик од
повреда.
2. Кога сервисирате безжичен вентилатор, користете само идентични резервни делови. Користењето на
неовластени делови или неуспехот да се следат упатствата за одржување може да создадат ризик од
струен удар или повреда.
СИМБОЛИ
Следните се симболи што се користат за опремата. Осигурете се дека го разбирате нивното значење пред
употребата.
• Прочитајте го упатството за употреба.
• Само за земји-членки на ЕУ.
Не фрлајте ја електричната опрема или батеријата заедно со отпадот од домаќинството.
Согласно со европските директиви, за отпад од електрична и електронска опрема и батерии и акумулатори
и отпад од батерии и акумулатори, и нивната примена во согласност со националните закони, електричната
опрема и батериите и батериските пакувања што го завршиле работниот век мора да бидат собрани издвоено
и однесени во капацитет за рециклирање компатибилен со животната средина.
142