МАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства)
СИМБОЛИ
Долунаведените симболи се користат кај опремата.
Видете што значат пред да почнете да работите.
.......................... Прочитајте ги упатствата.
...
................
................
..........................
..........................
..........................
.......................... Само за земјите од ЕУ
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања
и сите упатства. Непридржувањето до
предупредувањата и упатствата може да резултира со
струен удар, пожар и/или сериозна повреда.
Предвидена употреба
Јакната со ладење е наменета за намалување на
телесната температура преку процес на ладење.
Безбедносни предупредувања
• Јакната не смее да се користи за други намени, туку
само за пропишаната намена.
• Доколку почувствувате нешто необично, исклучете
ја јакната и веднаш извадете го држачот на
батеријата.
• Не носете ја јакната директно на гола кожа.
• Никогаш не користете ја јакната со ладење на
места каде што температурата достигнува повеќе
Перете ја со ладна вода во
машина за перење алишта на
програма за деликатна облека
(30°C).
Не смее да се пере со
белење.
Спрострете ја да се суши под
сенка.
Не смее да се цеди со
стискање.
По потреба, испеглајте ја со
пеглата поставена на најниска
температура.
Не смее да се подложува на
хемиско чистење.
Не фрлајте ја електричната
опрема или батеријата заедно
со домашниот отпад!
Земајќи ги предвид
европските директива за
отпадна електрична и
електронска опрема, и за
батерии и акумулатори, и
отпадни батерии и
акумулатори, и нивното
спроведување во согласност
со националните закони,
електричната опрема и
батеријата/ите на крајот на
нивниот работен век мораат
да се собираат одделно и да
се вратат во еколошки објект
за рециклирање.
од 50°C (122°F). Во спротивно, таа може да
предизвика изгореници на вашата кожа. Исто така,
избегнувајте да ја користите во ситуации на голема
влажност.
• Немојте да ја газите, расфрлате ниту да ја
злоупотребувате јакната со ладење.
• Избегнувајте навлегување вода во електричните
делови.
• Никогаш не носете ја јакната со ладење додека
спиете. Наглото намалување на телесната
температура може да му наштети на вашето
здравје.
• Не вклучувајте ја јакната со ладење ако не ја
носите.
• Не ставајте прсти во единицата со вентилатор.
Особено обрнувајте внимание да не дозволите
децата да си играат со јакната со ладење.
• Децата, лицата со посебни потреби или кој било
друг што е нечувствителен на температура, на
пример лице со слаба циркулација на крвта, не
смее да ја користат јакната.
• Доколку се открие каква било неправилност,
контактирајте го вашиот локален сервисен центар
за поправка.
• Чувајте ги етикетите и плочката со името за
одржување. Доколку станат нечитливи или ги
загубите, контактирајте го вашиот локален
сервисен центар за поправка.
• Изберете соодветно нагодување на брзината на
вентилаторот во согласност со корисничката
околина за континуирана употреба.
• Уредот не смее да се користи од страна на млади
деца освен ако контролите не биле однапред
поставени од страна на родител или старател, или
ако детето не било адекватно упатено во тоа како
да ги користи контролите безбедно.
• Пред перењето, откачете ги единицата со
вентилаторот и држачот на батеријата, и извадете
ја касетата со батеријата. Исперете го само делот
на јакната.
• Не дувајте компресиран воздух кон вентилаторот.
Не ставајте мали стапчиња во единицата со
вентилаторот. Во спротивно, вентилаторот и
моторот може да се оштетат.
• Не изложувајте ја јакната на дожд или влажни
услови. Ако навлезе вода во јакната, тоа може да го
зголеми ризикот од електричен удар.
• Немојте да го злоупотребувате кабелот за
напојување. Никогаш не користете го кабелот за
носење, влечење или за исклучување на јакната.
Кабелот треба да биде подалеку од топлина, масло
и предмети со остри рабови.
• Не поврзувајте го изворот на електрична енергија
со отворот за USB. Во спротивно, постои ризик од
пожар. Отворот за USB е наменет само за полнење
уреди со низок напон. Секогаш поставувајте го
капакот на отворот за USB кога не се врши полнење
на уредот со низок напон.
• Не вметнувајте шајки, жици и сл. во отворот за USB
за снабдување со електрична енергија. Во
спротивно, може да дојде до краток спој и да
настане чад или пожар.
• Не користете ја јакната кога сте под влијание на
наркотични средства, алкохол или лекови.
81