Отстранување На Уредот - Stiga TR 48 LI Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para TR 48 LI:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 83
• Поставете ја поклопката за калемот
со притискање во отворите кон
доле се додека поклопката не се
постави добро на своето место.
ЗАМЕНА НА КОНЕЦОТ ЗА СЕЧЕЊЕ
Погледнете ја сликата 12-13.
• Отстранете ги батериите.
• Отстранете го калемот од
главата за сечење.
ЗАБЕЛЕШКИ Отстранете го
конецот за сечење од калемот.
• Исечете парче од конецот за сечење
со приближна должина од 3м.
• Поставете го конецот во отворот за
шрафот (на навивање) на горниот дел
од калемот. Свртете го конецот околу
горниот дел од калемот во насока на
сказалките од часовникот, на начин
како што се прикажани стрелките на
калемот. Поставете го конецот во
отворот на горниот дел од прстенот на
калемот, оставајќи околу 15цм надвор
од отворот. Немојте да го преполните.
Откако ќе го свртите конецот, треба да
остане околу 0.635цм помеѓу отворите.
• Заменете го калемот и поклопката.
Погледнете го делот Замена на
калемот претходно во упатството
ЧУВАЊЕ НА УРЕДОТ
• Отстранете ги батериите од уредот
пред да го оставите на подолго време.
• Отстранетеги сите нечистотии/
предмети од уредот.
• Чувајте го на место надвор
од дофат на деца.
• Држете го подалеку од корозивни
материи, како што се хемикалии за
градини и соли против замрзнување.
• Чувајте ги и полнете ги батериите
во ладен простор. Температурата
над или под нормалата, влијае на
рокот на траење на батериите.
• Никогаш не ги чувајте батериите
празни. Почекајте да се изладат и
веднаш наполнете ги во целост.
• Држете ги батериите на место каде
што температурата е помала од
27C и подалеку од влажност.
• Сите батерии постепено се празнат.
На поголема температура, батериите
се празнат побрзо. Доколку го чувате
уредот на подолго време без да го
употребувате, полнете ги батериите
секој месец или секој втор месец.
На овој начин ќе го продолжите
рокот на траење на батериите.
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
• Заштитата на животната средина
треба да се извршува релевантно и
приоритетно при употреба на машината
во корист на граѓанските погодности и на
просторот во кој живееме. Избегнувајте
појава на елементи што го нарушуваат
непосредното опкружување.
• Доследно следете ги локалните закони
за фрлање на амбалажата, маслата,
бензинот, акумулаторот, филтрите, делови
во распаѓање или какви било елементи со
штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смее да се фрлаат
во ѓубре туку треба да се селектираат
и однесат во соодветни собирни
центри кои рециклираат материјали.
• Следете ги точно локалните закони
за фрлање на материјалите кои
ќе се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте
ја машината каде било во природата,
туку предајте ја во собирен центар во
согласност со важечките локални закони.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА УРЕДОТ
Не фрлајте го електричниот апарат
заедно со домашен отпад. Во согласност
со директивата на ЕУ 2012/19/CE,
отпадот што се состои од електрични
и електронски апарати е ваша одговорност
и, во согласност со националните одредби,
електричните апарати за фрлање треба да се
фрлат засебно за да може подоцна повторно
да се употребат на еко–компатибилен начин.
Ако електричните апарати се одложат на
ѓубриште или на земја, штетните состојки
може да стапат во контакт с о елементите
во почвата и да навлезат во синџирот на
исхрана, со што ќе се нарушат вашето здравје
и благосостојбата. За подетални информации
околу фрлањето на овој производ,
контактирајте со компетентни институции за
фрлање домашен отпад или со застапникот.
MK - 9

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido