Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch EasyVac 12 solo Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 18
OBJ_BUCH-2837-002.book Page 90 Wednesday, July 20, 2016 9:53 AM
90 | Македонски
Можностите за комбинирање на различните делови
опрема за вшмукувачот може да ги видите на сликата.
– Вметнете ги деловите од опремата за вшмукувачот
цврсто во приклучокот на контејнерот за прав 6 еден во
друг.
Употреба
 Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
Ставање во употреба
 Пред да почнете со вшмукувањето осигурете се
дека филтерската единица е цврсто монтирана.
 Користете само неоштетени филтери (без процепи,
дупки итн.). Веднаш заменете го оштетениот
филтер.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот
само доколку го користите.
– За вклучување на вшмукувачот, притиснете го
копчето за вклучување-исклучување 2.
– За исклучување на вшмукувачот, одново притиснете
го копчето за вклучување-исклучување 2.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
 Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
– Повремено исчистете го куќиштето на вшмукувачот со
влажна крпа.
– Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува
крпа.
Чистење на комората за прав
(погледнете ги сликите C1–C3)
Исчистете ја комората за прав 6 по секоја употреба, за да
го одржите максималниот капацитет на вшмукувачот.
– Држете го вшмукувачот лесно навален, за да не падне
прав од комората за прав при отворањето на
вшмукувачот.
– Притиснете на копчето за отклучување 1 и извадете ја
комората за прав 6 од куќиштето за моторот 5.
– Посегнете во отворот 15 на куќиштето на моторот 5 и
извлечете ја филтерската единица 17 на дихтунгот на
филтерот 16 од куќиштето на моторот.
1 609 92A 2M4 | (20.7.16)
– Истресете ја комората за прав 6 над еден соодветен сад
за отпад.
– Доколку е потребно, исчистете ја комората за прав со
една влажна крпа.
Доколку е потребно, исчистете ја филтерската единица
(види „Чистење на филтерската единица", страна 90).
– Повторно ставете ја филтерската единица 17 со
дихтунгот за филтерот 16 во куќиштето на моторот 5.
Прикачете ја комората за прав долу во куќиштето на
моторот и притиснете ја малку за да се вклопи.
Чистење на филтерската единица (види слика D)
Филтерската единица 17 не смее да се чисти со течност.
– Држете го вшмукувачот лесно навален, за да не падне
прав од комората за прав при отворањето на
вшмукувачот.
– Притиснете на копчето за отклучување 1 и извадете ја
комората за прав 6 од куќиштето за моторот 5.
– Посегнете во отворот 15 на куќиштето на моторот 5 и
извлечете ја филтерската единица 17 на дихтунгот на
филтерот 16 од куќиштето на моторот.
– Исчеткајте ги ламелите на набраниот филтер со меко
метличе.
– Вградувањето се врши по обратен редослед.
Чување
– Ставете ја опремата за вшмукување во држачот
предвиден за таа намена 8 на вшмукувачот.
Опционално, користете го држачот за ѕид 18 за да
заштедите на простор при чувањето на вшмукувачот и
неговата опрема (види слика E).
Дефекти
Проверете при недоволна јачина на вшмукување:
– Дали е полна комората за прав 6?
▷ Види „Чистење на комората за прав", страна 90.
– Дали набраниот филтер е запушен со прав?
▷ Види „Чистење на филтерската единица", страна 90.
– Дали е преслаб капацитетот на батеријата?
▷ Види „Полнење на батеријата", страна 89.
Редовното празнење на комората за прав 6 и чистењето на
филтерската единица 17 овозможува оптимален
капацитет на вшмукување.
Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина
на вшмукување, однесете го вшмукувачот во сервисната
служба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Easyvac 1206033d000106033d0000

Tabla de contenido