Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch Professional GAS 14,4 V-LI Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para Professional GAS 14,4 V-LI:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 19
OBJ_BUCH-2315-001.book Page 102 Friday, April 10, 2015 3:49 PM
102 | Македонски
Вадење на батеријата (види слики A1–A2)
Батеријата 6 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 13.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
– За вадење на батеријата 6 притиснете на копчето за
исклучување 13 и извлечете ја батеријата наназад од
вшмукувачот. Притоа не употребувајте сила.
Монтирање на опремата за вшмукување
(види слика B)
 Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
Опремата за вшмукување може да се спои директно со
контејнерот за прав 8.
Можностите за комбинирање на различните делови
опрема за вшмукувачот може да ги видите на сликата.
– Вметнете ги деловите од опремата за вшмукувачот
цврсто во приклучокот на контејнерот за прав 8 еден во
друг.
Употреба
 Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
Ставање во употреба
 Пред да почнете со вшмукувањето осигурете се
дека филтерската единица е цврсто монтирана.
 Користете само неоштетени филтери (без процепи,
дупки итн.). Веднаш заменете го оштетениот
филтер.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот
само доколку го користите.
– За вклучување на вшмукувачот, притиснете го
копчето за вклучување-исклучување 4.
LED-сијаличката 2 свети доколку е вклучен
вшмукувачот и овозможува осветлување на работното
поле при неповолни светлосни услови.
– За исклучување на вшмукувачот, одново притиснете
го копчето за вклучување-исклучување 4.
Подесување на јачината на вшмукување
По вклучувањето стандардно е поставен степенот на
јачина на вшмукување „High".
– Притиснете го копчето 3 за мала јачина на
вшмукување.
– Одново притиснете го копчето 3, доколку повторно
сакате да поставите голема јачина на вшмукување.
1 609 92A 108 | (10.4.15)
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
 Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот,
филтерската единица и отворите за проветрување,
за да може добро и безбедно да работите.
– Повремено исчистете го куќиштето на вшмукувачот со
влажна крпа.
– Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува
крпа.
Чистење на комората за прав
(погледнете ги сликите C1–C3)
Исчистете ја комората за прав 8 по секоја употреба, за да
го одржите максималниот капацитет на вшмукувачот.
– Притиснете на копчето за отклучување 1 и извадете ја
комората за прав 8 од куќиштето за моторот 7.
Извадете ја филтерската единица 15 од контејнерот за
прав.
– Истресете ја комората за прав 8 над еден соодветен сад
за отпад.
– Доколку е потребно, исчистете ја комората за прав со
една влажна крпа.
Доколку е потребно, исчистете ја филтерската единица
(види „Чистење на филтерската единица", страна 102).
– Повторно ставете ја филтерската единица 15 во
контејнерот за прав 8.
Прикачете ја комората за прав долу во куќиштето на
моторот и притиснете ја малку за да се вклопи.
Чистење на филтерската единица (види слики D1–D3)
– Притиснете на копчето за отклучување 1 и извадете ја
комората за прав 8 од куќиштето за моторот 7.
Извадете ја филтерската единица 15 од контејнерот за
прав.
– Одвртете го поклопецот на филтерот 16 од дихтунгот на
филтерот 17.
Извадете го HEPA-филтерот 18 од поклопецот за
филтер 16.
– Исчеткајте ги ламелите на HEPA-филтерот со меко
метличе.
– Вградувањето се врши по обратен редослед.
Дефекти
Проверете при недоволна јачина на вшмукување:
– Дали е полна комората за прав 8?
▷ Види „Чистење на комората за прав", страна 102.
– Дали HEPA-филтерот 18 е запушен со прав?
▷ Види „Чистење на филтерската единица",
страна 102.
– Дали е преслаб капацитетот на батеријата?
▷ Види „Полнење на батеријата", страна 101.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gas 18 v-li

Tabla de contenido