OBJ_BUCH-2992-001.book Page 91 Thursday, December 8, 2016 10:51 AM
Македонски
Безбедносни напомени
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
Овој вшмукувач не е предвиден
за користење од страна на деца и
лица со намалени психички,
физички или душевни
способности или недоволно
искуство и знаење. Инаку постои
опасност од погрешна употреба и
повреди.
Не ги оставајте децата без
надзор. Така ќе се осигурате дека
децата нема да си играат со
вшмукувачот.
Не вшмукувајте материи
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
опасни по здравјето на пр.
прав од буково или дабово дрво, камена прав, азбест.
Овие материи се канцерогени.
Информирајте се за важечките прописи/закони во
врска со постапување со материи опасни по здравјето
во Вашата земја.
Користете го
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
вшмукувачот само
доколку може целосно да ги процените сите функции и
може да ги извршувате без ограничувања или сте ги
добиле соодветните упатства. Деталните инструкции ја
намалуваат опасноста од погрешна употреба и повреди.
Вшмукувачот е наменет
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
само за вшмукување на
суви материјали. Навлегувањето на течности го
зголемува ризикот од електричен удар.
Конекторот користете го
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
само за целите утврдени
во упатството за употреба.
Вшмукувачот смее да се
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
користи и чува само во
внатрешен простор. Навлегувањето на дожд и влага во
горниот дел на вшмукувачот го зголемува ризикот од
електричен удар.
Bosch Power Tools
Доколку користењето на вшмукувачот во влажна
околина не може да се избегне, користете заштитен
уред со диференцијална струја. Употребата на
заштитниот уред со диференцијална струја го намалува
ризикот од електричен удар.
Приклучете го вшмукувачот на прописно заземјена
струјна мрежа. Конекторот и продолжниот кабел мора
да имаат функционален заштитен проводник.
Пред секое користење, проверете го вшмукувачот,
кабелот и приклучокот. Не го користете
вшмукувачот, доколку приметите оштетувања. Не
го отворајте сами вшмукувачот и оставете го на
поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе
користи само оригинални резервни делови.
Оштетениот вшмукувач, кабел и приклучок го
зголемува ризикот за електричен удар.
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
одржувањето или чистењето на вшмукувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на вшмукувачот.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Вшмукувачот смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на електричниот апарат.
Пред користењето, проверете дали цревото за
вшмукување е во беспрекорна состојба. При
монтирањето на цревото на вшмукувачот,
проверете да не излегува прав. Инаку може да ја
вдишете правта.
Не го чистете вшмукувачот со директно насочен
млаз вода. Навлегувањето на вода во горниот дел на
вшмукувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот вшмукувач. Ве молиме запаметете ги ознаките и
нивното значење. Вистинската интерпретација на
ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите
вшмукувачот.
Ознаки и нивно значење
Старт/Стоп автоматика
Вшмукување на правта што се
создава додека работат
електричните апарати
Вшмукувачот автоматски се
вклучува и по некое време
повторно се исклучува
Исклучување
Вшмукување
Вшмукување на наталожена прав
Македонски | 91
1 609 92A 3FG | (8.12.16)