TESY ES/RC GCA 10 Instrucciones De Uso página 109

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 16
IV.
ОПИС И ПРИНЦИП НА РАБОТА
Уредот се состои од тело, обрач, заштитен пластичен панел и
безбедносен вентил.
1.
Телото се состои од челичен резервоар (сад за вода)
и пластично куќиште (надворешен оклоп) со термална
изолација поставена помеѓу и две цевки со навој G
½'' за довод на ладна вода (означени со син прстен) и
излезна цевка за топла вода (означена со црвен прстен).
Внатрешниот сад е направен од челик, заштитен од
корозија од специјален слој од стакло-керамика.
2.
Обрачот е опремен со електричен греач и заштитна
магнезиумова анода. Тој е прицврстен за бојлерот со
завртки.
Греачот се користи за загревање на водата во садот и се
контролира преку термостатот, кој автоматски ја одржува
избраната температура.
Пластичниот контролен панел вклучува: прекинувач (во
зависност од моделот), прилагодлив термостат (во зависност
од моделот, термален прекинувач и контролни индикатори.
Термалниот прекинувач е уред, кој го исклучува бојлерот
кога температурата ќе постигне превисоки температури. Ако
се активира, треба да го повикате овластениот сервис.
Индикаторите (во зависност од моделот) на контролниот
панел го покажуваат режимот на уредот.
Магнезиумовата заштита овозможува дополнителна анти-
корозивна заштита на внатрешниот сад за бојлери со слој од
стакло-керамика.
3.
Безбедносниот вентил спречува целосно празнење
на уредот во случај на прекин на доводот за ладна
вода. Вентилот го штити уредот од зголемување на
притисокот на вредности поголеми од дозволените при
загревањето (! притисокот се зголемува со зголемување
на температурата), преку испуштање на притисокот низ
отворот за истекување. Капењето на вода низ отворот при
процесот на загревање е нормално и треба да се земе во
предвид при инсталацијата на бојлерот.
ВНИМАНИЕ! Безбедносниот вентил не може да
го заштити уредот во случај на притисок на
доводот на вода кој е поголем од назначените
вредности за уредот.
V.
ИНСТАЛАЦИЈА И ВКЛУЧУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ! Сите технички и електрични
поврзувања треба да ги изведат
квалификуваните техничари. Квалификуван техничар
е лице кое е компетентно според регулативите на
државата за која станува збор.
Македонски
1.
Инсталација
Препорачуваме монтирање на уредот во близина на местото
каде што се користи топлата вода, со цел да се намали губење
на топлината при транспорт. Избраната локација мора да
ја исклучи можноста за прскање на вода преку тушок или
додатокот за туширање.
Уредот е фиксиран за ѕид преку држач за монтажа кој
е прикачен за телото на уредот. Двете куки се користат
за закачување на уредот (мин. Ø 6 mm) и цврсто треба
да се прикачат на ѕидот (вклучени во сетот за монтажа).
Конструкцијата на држачот за монтажа која е дизајнирана
за бојлери за монтажа над /под мијалник овозможува
растојание на куките од 96 до 114 mm (сл. 1).
ВАЖНО: Видот на бојлерот дизајниран за инсталација
ПОД/НАД мијалник е означен на уредот. Бојлерите
дизајнирани за инсталација над мијалници се прикачуваат на
тој начин што цевките за влез/излез се насочени надолу (кон
подот на просторијата). Бојлерите дизајнирани за инсталација
под мијалник се инсталираат така што цевките се насочени
нагоре (кон таванот на просторијата).
За разјаснување на шемите за ѕидна инсталација, обратете се
кон сл.2 (А над мијалник и В под мијалник).
ВНИМАНИЕ! Со цел да се спречи повреда на
корисникот и трети лица во случај на грешка
во системот кој овозможува топла вода, уредот мора
да се монтира во просторија која има подна
хидроизолација и одвод. Не поставувајте предмети,
кои не се водоотпорни, под уредот под никоја
околност. Во случај на монтажа на уредот во
просторија која нема подна хидроизолација, потребно
е да се постави одвод под уредот.
Забелешка: сетот не вклучува заштитна када и
корисникот мора да ја избере истата.
Поврзување со водовод
2.
Сл. 4а – шема за инсталација над мијалник
Сл. 4b – шема за инсталација под мијалник
Каде: 1 – Влезна цевка; 2 – Безбедносен вентил (0.8 МРа);
3 – Вентил за редукција (за притисок на вода > 0,6 MPa); 4 –
Запирачки вентил; 5 – Инка поврзана со одвод; 6 – Црево; 7
– Славина за истекување на вода.
По поврзување на бојлерот со водоводот, мора да ги следите
индикативните ознаки /прстени/ кои се прикачени на
цевките:
СИНО - за ладна /влезна/ вода,
ЦРВЕНО - за топла /излезна/ вода.
Монтирањето на безбедносниот вентил кој е доставен со
бојлерот е задолжително. Безбедносниот вентил мора да се
монтира на цевката за ладна вода, следејќи ја насоката на
стрелката која е испечатена на телото и ја покажува насоката
на влезната вода.
Инструкции за употреба и одржување
MK
109

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido