•
Држете го кабелот подалеку од подвижните
делови на алатот.
5. ОДРЖУВАЊЕ
Уверете се дека машината е
исклучена кога го одржувате
моторот.
Оваа машина е конструирана да работи
долг период со минимално одржување.
Непрекинатото успешно работење зависи од
грижата на машината и редовното чистење.
Дефектажа
Ако машината не функционира правилно,
можните причини и соодветните решенија се
дадени подолу:
•
Електро-моторот е жежок.
•
Моторот бил преоптоварен.
•
Дајте му шанса на моторот да се
излади.
•
Моторот е дефектен.
•
Контактирајте сервис.
•
Машината се вклучува, но не работи.
•
Има прекин на напојувањето на машината.
•
Проверете ги оштетувањата на
напојниот кабел.
•
Може да е оштетен прекинувачот.
•
Контактирајте сервис.
Поправките и сервисирањето
треба да ги изведува само
квалификувано лице или сервис.
Чистење
Чувајте ги чисти отворите за вентилација за
да се спречи прегревање на моторот. Редовно
чистете го куќиштето со мекана крпа, по
можност после секое користење. Чувајте ги
отворите за вентилација чисти, без прашина.
Ако нечистотијата не се вади, употребете
мекана крпа навлажнета со вода со сапуница.
Никогаш не користете растворувачи како што
е бензин, алкохол, амонијачна вода итн. Овие
растворувачи можат да ги оштетат пластичните
делови.
Откази
Ако се случи отказ, нпр. поради трошење на
дел, обратете се на адресата на сервисот
од гарантната картичка. На позадината на
упатствово ќе најдете експозиционен преглед
со прикажани делови кои можат да се нарачаат.
ОКОЛИНА
За да се спречи оштетување за време на
транспортот, уредот се испорачува во тврдо
пакување кое се состои од материјал за
еднократна употреба. Затоа ве молиме да
ги користите опциите за рециклирање на
амбалажата.
Дефектни и/или отфрлени електрични
или електронски апарати треба да се
собираат на соодветни локации за
рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад.
Според Европското Упатство 2012/19/ EU за
отпадна електрична и електронска опрема и
неговата имплементација во националното
право, електричните алати кои веќе не се
употребливи мораат да се собираат одделно и
да се отстрануваат на еколошки начин.
ГАРАНЦИЈА
Гарантните условите се дадени во посебна
гарантна картичка.
49