Descargar Imprimir esta página

Технички Податоци - Milwaukee C12 WS Manual Original

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 12
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Ѕиден скенер
Точност во длабочина на мерењето, режим на работа Метал
Точност на мерењето, средна оска, режим на работа Метал .
Точност на мерење средна оска вид на погон сува градба .....
Работна температура .................................................................
Температура на чување .............................................................
Времетраење на батеријата (со сите функции) .......................
Напон на батерија .......................................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 .............................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни
упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции
за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Да не се употребува во опасни опкружувања. Да не се
употребува при дожд, снег, на влажни или водени места. Да
не се употребува во подрачја во коишто постои опасност од
експлозија (дим, прашина или запаливи материјали),
бидејќи при ставање или вадење на батеријата за замена
можат да се создадат искри. Тоа може да предизвика
пожар.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад
и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат
старите батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик
од краток спој).
Користете исклучиво Систем C12 за полнење на батерии
од C12 систем. Не користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во
контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во
случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица
(вклучувајќи и деца) со ограничени физички, сензорни или
ментални способности или со недостаток на искуство и /
или недостаток на знаење, освен доколку тие лица се под
надзор на лице, кое е надлежно за нивната безбедност, или
доколку од тоа лице добиваат инструкции за тоа, како да се
користи апаратот.
Децата треба да бидат под надзор за да бидете сигурни,
дека тие не играат со апаратот.
Контрола на напонот без контакт:
ЛЕД не ја прикажува состојбата на електрична инсталација.
Дури и кога ЛЕД во текот на мерење не свети, никогаш не
допирајте проводници, кои би можеле да се наоѓаат под
напон. Тестирајте го функционирањето на ЛЕД на некој
познат извор на напон. Доколку ЛЕД не свети, во тој случај
детекторот на напон е дефектен и не смее да се
употребува за мерења! Врз контролата на напонот без
контакт влијаат екстерни напони исто како што влијае и тоа,
како мерниот апарат се држи односно поставен.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Во погонскиот вид метал суб-скенерот препознава
магнетски метали (>14 мм ø) и немагнетски метали (>16
mm ø) бо бетон до длабочина од 15,2 цм независност од
текстурата на ѕидот.
Во погоснкиот вид сува градба суб-скенерот препознава
столбови или метални носачи/метални држачи позади
ѕидни плочи, дрвени панели, друг вид хомогени
материјалии како на пр. иверица (chipboard) и пресувана
иверица (oriented strand board <OSB>).
Во овој погонски вид покрај дрвени и метални објекти се
препознаваат и други објекти како на пр. со вода наполнети
пластични цевки или бакарни цевки.
64
МАКЕДОНСКИ
C 12 WS
..................... ±1.3 cm(1.3 cm - 15.2 cm)
..................... ±1.3 cm (1.3 cm - 15.2 cm)
..................... ±1.3 cm (1.3 cm - 3.8 cm)
............ -5°C ... 40 °C
.......... -20°C ... 60 °C
...................... >12 h
........................ 12 V
...................... 722 g
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
БАТЕРИИ
Нови комплети батерии постигнуваат целосен капацитет по
4-5 циклуса на полнење и празнење. Подолг период
неупотребувани комплети батерии да се наполнат пред
употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување
на батериите на високи температури или сонце (ризик од
прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење
на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно
27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Потскенерот не може да препознае метали или столбови
позади материјали со различна густиа со доволна
сигурност. Материјали како тепих, метални скелети, влажни
ѕидови и гипс можат да влијаат во скенирањето.
Нерамномерни површини како што се широки фуги или
мошне дебели ѕидови од гипс-картон во сувоградба можат
да бида препознати како метали или греда.
Кога при калибрирањето трепка calibration error
треба да се повтори калибрирањето во друго подрачје.
Кога апаратот во погонскиот вид сува градба не може да се
калибрира ниту на ѕид од сува градба ниту на отворено,
тогаш веројатно е оштетен.
Потксенерот не може да биде калибриран преку столбови.
За да најдете подрачје без столбови, пред калибрацијата
побарајте штекер и движете го потскенерот во двете насоки
15 cm.
Доколку на дисплејот се појави SCANNING, движете го
потскенерот долж површината. Држете ја раката и други
објекти на оддалеченост од најмалку 15 cm од потскенерот,
за да избегнете погрешни мерења.
Доколку задната страна на ѕидни плочи биде допрена од
електрични водови или метални цевки, тие можат да бидат
идентификувани како столбови.
Употребувајте го режимот на работа МЕТАЛ за да
препознаете цевки.
ФУНКЦИЈА ЗА АВТОМАТСКО ИСКЛУЧУВАЊЕ
Потскенерот се исклучува 20 мин по последната употреба.
За да продолжете да го користите апаратот притиснете
некој тастер. Доколку по вклучувањето на дисплејот не се
прикаже ништо, во тој случај батеријата мора да се
наполни.
На потскенерот и понатаму му е потребна струја по
автоматското исклучување. За да се зголеми
времетраењето на батеријата, исклучете го апаратот,
доколку повеќе не ви е потребен.
ОДРЖУВАЊЕ
Предупредување!
Заради избегнување штети по лица, апаратот никогаш да
не се потопува во течност односно да се избегнува
влегување течност во апаратот
Постојано отстранувајте прашина и нечистотија од
апаратот. Одржувајте ја рачката чиста, сува и без масти или
масло. Средства за чистење и разредување се штетни по
пластиките и други изолирачки делови, затоа чистете само
со нежен сапун и влажна крпа. Никогаш не употребувајте
запаливи средства за разредување во близина на апаратот.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот
како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и
порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно
кај: Milwaukee Electric Tool, Max-Eyth-Straße 10,
D-71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Не ги фрлајте електричните апарати заедно
со другиот домашен отпад! Европска
регулатива 2002/96/EC за одлагање на
електична и електронска опрема и се
применува согласно националните закони.
Елекричните апарати кои го достигнале
крајот на својот животен век мора да бидат
одвоено собрани и вратени во соодветна
,
рециклажна установа.
МАКЕДОНСКИ
65

Publicidad

loading