OBJ_BUCH-2509-002.book Page 217 Tuesday, October 25, 2016 2:36 PM
Побарајте совет од вашиот дистрибутер за Bosch при
изборот на претворач на фреквенции.
Електричниот апарат го добивате со специјален кабел од
четири метри без приклучок. За да се пушти во употреба,
специјалниот кабел мора да се обезбеди со четворополен
CEE-приклучок (идентификациона боја зелена).
Освен тоа, електричниот апарат може да биде опремен со
комерцијални заштитни прекинувачи за моторот за
заштита од преоптоварување. Полето за подесување на
овој заштитен прекинувач за моторот мора да ја покрива
номиналната струја на електричниот апарат (види
„Технички податоци"). Заштитниот прекинувач за моторот
мора да реагира за помалку од една секунда.
За тоа почитувајте ги безбедносните напомени и
упатството за монтажа во упатството за работа на
заштитниот прекинувач за моторот!
Монтирање на CEE-приклучок (види слики B–C)
– Олабавете ги двете завртки 12 и извлечете го додатокот
за приклучок 11 од куќиштето на CEE-приклучокот 14.
– Исечете го пластичното цевче 15 соодветно на
дијаметарот на специјалниот кабел на електричниот
апарат и вметнете го CEE-куќиштето на приклучокот
преку специјалниот кабел.
– Спроведете ги четирите жици низ кабелската уводница
10.
– Олабавете ги четирите мали завртки 13 во додатокот за
приклучок 11 и вклучете ги
металниот прстен за кафената жица L1 во контактниот
отвор L1,
металниот прстен за сината жица L2 во контактниот
отвор L2,
металниот прстен за црната жица L3 во контактниот
отвор L3
како и металниот прстен на зелено-жолтата жица
заштитниот контактен отвор
– Повторно затегнете ги четирите мали завртки 13 во
додатокот за приклучок 11, за да ги фиксирате
четирите жици.
– Потоа затегнете ја кабелската уводница 10 околу
целиот кабел со облогата на кабелот, така што нема да
има затегнување на металните прстени.
– Повторно вметнете го додатокот за приклучок 11 во
куќиштето на CEE-приклучокот 14 и повторно затегнете
ги двете завртки 12.
– На крај проверете ја правилната функција на
заштитниот спроводник.
– Ставете го CEE-приклучокот 14 на електричниот апарат
во приклучниот конектор на претворачот на
фреквенции.
Сега можете да го приклучите претворачот на фреквенции
на напојувањето со енергија.
Како да го приклучите претворачот на фреквенции на
напојувањето со енергија, погледнете во упатството за
работа на претворачот на фреквенции.
На крај проверете го правецот на вртење!
Bosch Power Tools
Проверување на правецот на вртење
Правецот на вртење на вретеното за брусење мора да
соодветствува со ознаката за стрелка на сликата на
електричниот апарат.
Ако вретеното за брусење при првото пуштање во
употреба (види „Вклучување/исклучување на
електричниот апарат", страна 218) врти во погрешен
правец, мора веднаш повторно да го исклучите
електричниот апарат и да го исклучите од напојувањето со
енергија.
– Одново олабавете ги двете завртки 12, и повторно
извлечете го додатокот за приклучок 11 од куќиштето
на CEE-приклучокот 14.
– Олабавете ги металните прстени од кафената и црната
жица од нивните контактни отвори.
– Потоа ставете го металниот прстен на црната жица L3 во
контактниот отвор L1 и металниот прстен на кафената
жица L1 во контактниот отвор L3.
– Повторно затегнете ги малите завртки 13 во додатокот
за приклучок 11, за да ги фиксирате жиците.
– Повторно вметнете го додатокот за приклучок 11 во
куќиштето на CEE-приклучокот 14 и повторно затегнете
ги двете завртки 12.
– На крај проверете ја правилната функција на
заштитниот спроводник.
– Приклучете го електричниот апарат повторно на
напојување со енергија.
Употреба
Ставање во употреба
Напонот и фреквенцијата на изворот на струја мора
да одговараат на податоците со спецификационата
плочка на електричниот апарат.
во
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
.
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку една минута 1, без да
го користите апаратот на материјал. Не користете
оштетени, нетркалезни или алати за брусење што
вибрираат. Оштетените алати за брусење може да
пукнат и да предизвикаат повреди.
Поставете го прекинувачот за вклучување/
исклучување 3 во позиција на „Исклучено", кога
електричниот апарат неочекувано ја запира
работата, иако прекинувачот за вклучување/
исклучување е во позиција на „Вклучено". Со тоа ќе
спречите неконтролирано рестартирање на уредот.
Проверете го напојувањето со енергија (види
„Приклучок на напојувањето со енергија", страна 216),
пред повторно да го вклучите електричниот апарат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Секогаш прво поврзете го електричниот апарат со
претворач на фреквенции, пред да го приклучите
претворачот на фреквенции на струјна мрежа.
Македонски | 217
1 609 92A 36J | (25.10.16)