Ставање Во Употреба; Совети При Работењето; Одржување И Сервис - Bosch 0 607 561 116 Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para 0 607 561 116:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
OBJ_BUCH-2096-002.book Page 178 Friday, December 9, 2016 1:49 PM
178 | Македонски
Ставање во употреба
Пневматскиот алат работи оптимално при работен
притисок од 6,3 бари (91 psi), измерено на влезот за
воздух при вклучен пневматски алат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го пневматскиот
алат само доколку го користите.
Вклучување/исклучување (0 607 561 116)
– За вклучување на пневматскиот алат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 6 и држете
го притиснат за време на работниот процес.
– За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 6.
Вклучување/исклучување (0 607 561 118)
– За вклучување на пневматскиот алат, притиснете го
лостот 13 и држете го притиснат за време на работниот
процес.
– За Исклучување на пневматскиот алат, отпуштете го
лостот 13.
Совети при работењето
 Доколку обработувате мали или тенки делови
секогаш користете стабилна подлога или маса за
пила (Опрема).
Оптоварувањата што ќе настанат одеднаш забрзано го
намалуваат вртежниот момент или предизвикуваат
состојба на мирување, но не му штетат на моторот.
Сечете само со мал притисок. Осцилациите и
замавнувањето гарантираат доволен работен учинок.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали
итн. проверете дали на нив има туѓи тела како на пр.
клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете ги.
Заштита од допир
Заштитата од допир 4 на куќиштето го спречува
невнимателното допирање на листот на пилата за време
на работниот процес и не смее да се вади.
Паралелен граничник со тркалезен секач (опрема)
При работа со паралелен граничник со тркалезен секач 23
(опрема) дебелината на делот што се обработува смее да
изнесува најмногу 30 мм.
– Паралелни резови (види слика I): Олабавете го шрафот
за заклучување 24 и вметнете ја скалата на
паралелниот граничник низ водилката 25 во основната
плоча. Подесете ја саканата широчина на резот како
вредност на скалата на внатрешниот раб од основната
плоча. Цврсто зашрафете го шрафот за заклучување
24.
– Тркалезни резови (види слика J): Ставете го шрафот за
фиксирање 24 на другата страна од паралелниот
граничник. Вметнете ја скалата од паралелниот
граничник низ водилката 25 во основната плоча. Во
средината на делот за обработка во отворот што треба
да се исече издупчете една дупка. Поставете го врвот за
центрирање 26 низ внатрешниот отвор на паралелниот
граничник во издупчената дупка. Поставете го
радиусот како вредност на скалата на внатрешниот раб
1 609 92A 37W | (9.12.16)
на основната плоча. Зацврстете го шрафот за
фиксирање 24.
Заштита од кинење (види слика K)
Заштитата од кинење 27 (опрема) може да спречи кинење
на горната површина при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се искористи само за одредени типови на
листови за пила и само при агол на сечење од 0°.
Основната плоча 12 при сечењето со заштита од кинење
не смее да се помести наназад во близина на краевите.
– Притиснете ја заштитата од кинење 27 од долу кон
основната плоча 12.
Средства за разладување/подмачкување
При сечење на метал, заради вжештување на материјалот,
нанесете средство за ладење одн.подмачкување по
должината на линијата на резот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
пневматскиот алат.
По секое одржување проверете го бројот на вртежи со
помош на уред за мерење на бројот на вртежи и проверете
дали пневматскиот алат има зголемени вибрации.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
Користете исклучиво оригинални резервни делови на
Bosch.
Редовно чистење
– Прифатот за листовите за пила, во главно може да го
исчистите со компресиран воздух или со мека четка.
Притоа, извадете го листот за пилата од пневматскиот
алат. Одржувајте ја функционалноста на прифатот за
листовите за пила со употреба на соодветни средства за
подмачкување.
– Редовно чистете го филтерот на доводот за воздух од
пневматскиот алат. Притоа отшрафете ја спојницата за
црево 8 и извадете ги честичките прав и нечистотија од
филтерот. Повторно зашрафете ја цврсто спојницата за
црево.
– Честичките вода и нечистотија што ги содржи
компресираниот воздух може да предизвикаат
создавање на р'ѓа и истрошеност на ламелите,
вентилите итн. За да се спречи ова, во доводот за
воздух 7 треба да капнете неколку капки моторно
масло. Повторно приклучете го пневматскиот алат на
напојување со воздух (види „Приклучок на
напојувањето со воздух", страна 176) и оставете го да
работи 5 –10 с, додека не го соберете маслото што
капе со една крпа. Доколку пневматскиот алат не се
користи подолго време, оваа постапка треба да ја
повторите.
– Водечкиот валјак 2 подмачкајте го одвреме-навреме со
неколку капки масло.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0 607 561 118

Tabla de contenido