Безбедносни Предупредувања За Дијамантска Дупчалка; Опис На Производот И Перформансите; Наменета Употреба - Bosch GDB 180 WE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GDB 180 WE Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 22
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни предупредувања за дијамантска
дупчалка
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
Безбедносни упатства за сите типови работа
Користете дополнителна рачка(и), доколку е
u
испорачана со алатот. Губење на контролата може да
предизвика телесни повреди.
Правилно прицврстете го алатот пред употреба.
u
Овој алат произведува висок вртежен момент, и
доколку не е правилно прицврстен за време на
работата може да изгубите контрола и да се
повредите.
Држете го електричниот алат за изолираната
u
површина додека сечете, за да не дојде во контакт
со скриена жица или со неговиот кабел. Ако
опремата за сечење дојде во допир со „жица под
напон", може да ги изложи металните делови на
електричниот алат „под напон" и операторот може да
добие струен удар.
Безбедносни упатства при користење на долги бургии
Никогаш не користете поголема брзина од
u
максималната означена брзина на бургијата. При
поголема брзина, бургијата може да се искриви ако
слободно ротира надвор од делот што се обработува, и
да се повредите.
Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и
u
врвот на бургијата да биде во допир со делот што се
обработува. При поголема брзина, бургијата може да
се искриви ако слободно ротира надвор од делот што
се обработува, и да се повредите.
Притиснете во директна линија со бургијата, и без
u
прекумерен притисок.Бургијата може да се искриви
и да се скрши, или да изгубите контрола и да се
повредите.
Дополнителни безбедносни напомени
Носете штитници за уши при дијамантско дупчење.
u
Изложеноста на бучава може да предизвика губење на
слухот.
Bosch Power Tools
Кога бургијата е заглавена, престанете со
u
притискање надолу и исклучете го алатот. Извршете
проверки и поправки за да ја елиминирате причината
за заглавување на бургијата.
При навлегување на дијамантската дупчалка во
u
делот што се обработува, проверете дали бургијата
слободно се врти пред да започнете со дупчење.
Ако бургијата е заглавена, може да не започне со
работа, може да го преоптовари алатот, и може
дијамантската дупчалка да се извади од делот што се
обработува.
При дупчење низ ѕидови или тавани, заштитете ги
u
луѓето околу работната површина. Бургијата може
да навлезе низ дупката, и средината од делот што се
обработува може да падне на другата страна.
Носете чевли што не се лизгаат. На тој начин ќе
u
избегнете повреди, коишто може да настанат при
лизгање на мазни површини.
Никогаш не го користете електричниот алат без
u
испорачаниот заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD).
Обрнете внимание дека ниту лицата во работниот
u
простор, ниту електричниот алат не доаѓаат во
допир со водата што излегува.
Внимавајте цревата што спроведуваат вода и
u
местата на спојување да бидат во беспрекорна
состојба. Пред следната употреба, заменете ги
оштетените или изабени делови. Излегувањето на
вода од деловите на електричниот алат го зголемува
ризикот од електричен удар.
При работата, држете го електричниот алат цврсто
u
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е наменет за мокро дупчење во бетон
и армиран бетон, со крунести бургии за мокро дупчење и
довод за вода. Не е дозволено таванско дупчење со
водоснабдување.
Македонски | 135
1 609 92A 4SW | (03.04.2019)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gdb 180 we

Tabla de contenido