Монтирање На Дополнителната Дршка; Ставање/Менување На Крунестата Бургија - Bosch GDB 180 WE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GDB 180 WE Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 22
Монтирање на дополнителната дршка
Користете дополнителна рачка(и), доколку е
u
испорачана со алатот. Губење на контролата може да
предизвика телесни повреди.
Секогаш поставувајте ја дополнителната дршка (8).
Поместете ја дополнителната дршка преку вретеното за
дупчење (6) грлото на вретеното (погледнете ја сликата
на графичката страница). Затегнете ја пеперутка-
завртката за подесување на дополнителната дршка (5) во
правец на стрелките на часовникот.
Дополнителната рачка (8) може да ја вртите по желба, за
да може безбедно и неуморно да работите.
Завртете ја пеперутка-завртката за подесување на
дополнителната дршка (5) во правец спротивен на
стрелките на часовникот и свртете ја дополнителната
дршка (8) во саканата позиција. Потоа зацврстете ја
пеперутка-завртката (5) во правец на стрелките на
часовникот.
Пред да извршите било што, проверете дали е
u
зацврстена пеперутка-завртката. Губењето на
контролата може да доведе до повреди.
Ставање/менување на крунестата бургија
Избирање на крунеста бургија
Крунестите бургии од Bosch се означени со боја:
– Крунести бургии за мокро дупчење: сино
– Крунести бургии за суво дупчење: светлосива
Ставање на крунестата бургија
Пред да ги употребите, проверете ги крунестите
u
бургии. Користете само беспрекорни крунести
бургии. Оштетените или деформираните круни за
дупчење може да доведат до опасни ситуации.
Пред да ја ставите, исчистете ја крунестата бургија.
Подмачкајте го малку навојот на крунестата бургија или
испрскајте го со средство за заштита од корозија.
Навртете 1 1/4"-UNC-крунеста бургија (7) на вретеното
за дупчење (6).
Проверете дали е крунестата бургија е цврсто
u
вметната. Доколку круните за дупчење се погрешно
или не се сигурно зацврстени, може да се олабават за
време на работењето и да предизвикаат опасност.
Вадење на крунестата бургија
При менувањето на крунестата бургија носете
u
заштитни ракавици. При подолготрајна употреба,
круната за дупчење може да се вжешти.
Олабавете ја крунестата бургија (7) со вилушкаст клуч
(ширина на клучот 41 mm). Притоа, со друг вилушкаст
клуч (ширина на клучот 32 mm) држете го вториот раб на
вретеното за дупчење (6) во спротивен правец.
Приклучување на систем за ладење на вода/
всисување на прав
Доколку крунестите бургии за мокро/суво дупчење не се
ладат доволно за време на дупчењето, дијамантските
Bosch Power Tools
сегменти може да се оштетат, или крунестата бургија
може да се блокира во дупката. Затоа, при мокро
дупчење овозможете доволно ладење на водата, а при
суво дупчење функционално всисување на прав.
При зголемување на постоечката дупка, таа мора
внимателно да се затвори, за да се овозможи
беспрекорно ладење на крунестата бургија.
Приклучените црева, запорните вентили или
u
опрема не смеат да го попречуваат процесот на
дупчење.
Приклучување на систем за ладење на вода
Поставете го адаптерот за приклучокот за вода (14) на
канџестата спојка (10) и свртете го до крај во правец на
стрелките на часовникот.
Затворете ја запорната славина за вода (12). Приклучете
цевка за довод на вода на приклучниот елемент на
славината (13). Приклучувањето на цевката за довод на
вода е возможно од мобилен сад за вода под притисок
(опрема) или од стационарен приклучок за вода.
Приклучување на всисувач за прав
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Поставете го адаптерот за всисување (15) на канџестата
спојка (10) и свртете го до крај во правец на стрелките на
часовникот.
Ставете го цревото за всисување (17) од всисувачот за
мокро/суво всисување (види „Опрема/резервни
делови", Страница 139) коешто е прилагодено и
препорачано за овој систем на млазниците за
всисување (16).
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
Македонски | 137
1 609 92A 4SW | (03.04.2019)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gdb 180 we

Tabla de contenido