Монтирање На Сталакот За Дупчење; Позиционирање На Сталакот За Дупчалка Пред Прицврстувањето - Bosch GDB 180 WE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GDB 180 WE Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 31
198 | Македонски
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, вредноста на емисијата на бучава може да
отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Монтирање на сталакот за дупчење
Подигање на столбовите на дупчалката
Поставете ги столбовите на дупчалката (20) во
вертикална позиција. Ставете ја долната завртка (24)
(погледнете ја сликата на графичката страница).
Затегнете ги долната (24) и горната завртка (21) со
вилушкаст клуч (ширина на клучот 17 mm). Затегнете ја
затегнувачката навртка (27) со вилушкаст клуч (ширина
на клучот 24 mm).
Вртлив крст
Завртете ги трите прачки за држење на вртливиот
крст (17) до крај во средишната главина на вртливиот
крст.
Вртливиот крст (17) служи како рачка за поместување
при дупчење.
При дупчење свртете го вртливиот крст о потреба налево
или надесно до крај на запченикот за поместување (28).
За да го извадите вртливиот крст, силно извлечете го.
Блокада на поместувањето со сопирачка за
фиксирање
Пред првото ставање во употреба завртете ја
сопирачката за фиксирање (29) во слободниот отвор со
навој на запченикот за поместување (28).
Пред да започнете со работа на сталакот за дупчење,
блокирајте го поместувањето во паузите од работа или
кога не го користите сталакот. За таа цел, завртете ја
сопирачката за фиксирање (29).
При дупчење, олабавете ја сопирачката за
фиксирање (29) додека вртливиот крст (17) не може
малку да се движи. Притоа цврсто држете го вртливиот
крст, за да спречите неконтролирано излизгување на
електричниот алат.
Вметнување на електричниот алат
(види слика A)
Внимавајте сопирачката за фиксирање (29) да е
затегната.
Олабавете ја завртката (18) на прифатот на уредот со
вилушкаст клуч (ширина на клучот 13 mm). Ставете го
1 609 92A 4NJ | (24.03.2021)
електричниот алат со стезното грло од горната страна до
крај во прифатот за уред (19).
Свртете го електричниот алат во прифатот на уредот на
тој начин што сите прекинувачи ќе бидат лесно достапни
и приклучокот на системот за всисување на прав/ладење
на вода на електричниот алат нема да го попречува
процесот на дупчење. Затегнете ја завртката (18) со
вилушкаст клуч (ширина на клучот 13 mm).
Поместете го вртливиот крст (17), во зависност од
процесот на дупчење налево или надесно на запченикот
за поместување (28).
Проверете дали електричниот алат е добро
u
прицврстен во прифатот за уредот.
За да го извадите електричниот алат од сталакот за
дупчење постапете по обратен редослед.
Прицврстување на сталакот за дупчалката
Напомена: Прицврстете го сталакот за дупчење без
простор за маневрирање. На тој начин ќе спречите
заглавување на крунестата бургија и кршење на
сегментот.
Во зависност од видот и својствата на подлогата
прицврстете го сталакот за дупчалка со типли или вакуум
на планираното место за дупчење.
Позиционирање на сталакот за дупчалка пред
прицврстувањето
Нацртајте ја саканата средина на дупката на подлогата.
Обележете ги надворешните димензии на крунестата
бургија, со која сакате да дупчите, и центарот на
средината на дупката.
Прицврстете го сталакот за дупчалка (со вметнат
електричен алат) со типла или вакуум, така што
монтираната крунеста бургија ќе биде усогласена со
исцртаните димензии.
Прицврстување со типла (види слика B)
Издупчете посебна дупка за прицврстување на сталакот
за дупчалка со типла (опрема) во ѕидни конструкции или
бетон.
Растојание меѓу дупката за типлата – средина на
планираната дупка
оптимално
210 mm
можно
200–300 mm
За дупката за типла важат следните димензии::
Дијаметар
Ѕид
20 mm
Бетон
16 mm
Ставете типла за бетон со раздвоен клин одн. ѕидна
типла (30). Завртете го брзозатегнувачкото вретено (31)
во типлата.
Ставете го сталакот за дупчалка и една подлошка и
завртете ги со пеперутка-навртката (32). По
нивелирањето затегнете ја пеперутка навртката со
вилушкаст клуч (ширина на клучот 27 mm).
Длабочина
85 mm
50 mm
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gcr 180 professionalProfessional gdb 180 weGcr 1803 601 a90 100

Tabla de contenido