Употреба Со Соодветна Намена; Илустрација На Компоненти; Обем На Испорака - Bosch GFA 18-H Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GFA 18-H Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

OBJ_BUCH-3261-001.book Page 127 Friday, January 26, 2018 7:45 PM
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
 Доколку се блокира алатот што се вметнува,
исклучете го електричниот апарат. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, доколку:
– се преоптовари електричниот алат или
– е накривен во однос на парчето што се обработува.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Ставете SDS-max алат за вметнување: Проверете
дали е заклучен со влечење на алатот.
 Оштетениот капак за заштита од прав веднаш
заменете го. Капакот за заштита од прав го спречува
навлегувањето на правта која се создава при
дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата
на апаратот проверете дали капакот за заштита од прав
не е оштетен.
 Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
–Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
–Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
–Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
 За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
 Доколку се блокира алатот што се вметнува,
исклучете го електричниот апарат. Одблокирајте го
алатот што се вметнува.
 Доколку вклучите блокиран алат за дупчење
настануваат многу моменти на блокирање.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Bosch Power Tools
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Избегнувајте случајно вклучување. Осигурете се
дека прекинувачот за вклучување/исклучување е
во исклучена позиција, пред да ставите батерија.
Носењето на електричниот апарат со вашиот прст на
прекинувачот за вклучување/исклучување или
ставање на батеријата во вклучен електричен апарат
може да доведе до несреќен случај.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат (GSR 14,4 V-EC FC2/
GSR 18 V-EC FC2 со дополнителната рачка GFA 18-H, GHA
FC2) е наменет за ударно дупчење во бетон, цигли и
камен.
Додатокот за чекан GFA 18-H, GHA FC2 смее да се користи
исклучиво со батериските дупчалки-одвртувачи
GSR 14,4 V-EC FC2, GSR 18 V-EC FC2 и GSR 18 V-60 FC.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прифат
2 Прстен за подесување на вртежниот момент
3 Прекинувач за избор на брзина
4 Батерија
5 Прекинувач за менување на правецот на вртење
6 Прекинувач за вклучување/исклучување
7 Работно светло
8 Прекинувач за избор на начинот на работа
9 Додаток за чекан GFA 18-H, GHA FC2
10 Прстен за блокирање
11 Рачка (изолирана површина на дршката)
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Обем на испорака
Додаток за чекан со дополнителна дршка.
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака на алатот за вметнување.
Комплетната опрема може да ја најдете во нашата
Програма за опрема.
1 609 92A 3YJ | (26.1.18)
Македонски | 127

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gha fc2 professional

Tabla de contenido