Bosch GAM Professional 220 Manual Original página 138

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
OBJ_BUCH-2368-004.book Page 138 Tuesday, September 13, 2016 11:36 AM
138 | Македонски
За зачувување на аголот на косина постојат следните можности:
– Отворете ги кракот на преклопување и основниот крак, додека не се
прикаже аголот на косина на екранот.
– Измерете го непознатиот агол на косина. За да го направите тоа,
поставете го делот што се обработува помеѓу кракот на преклопување
и основниот крак.
Доколку мерењето на особено тесни и мали делови за обработка не е
возможно со мерниот уред, тогаш искористете помошно средство, како
на пр. подвижно мерило, и потоа поставете го аголот на мерниот уред.
Притиснете го копчето 15, за да го зачувате измерениот одн. повиканиот
агол на закосување за двојно закосување. На екранот се појавуваат
„SPR" и актуелниот агол.
Доколку при притискање на копчето 15 аголот изнесува повеќе од 90°,
но помалку од 180°, тогаш аголот на косина „SPR" се пресметува
автоматски на следниот начин:
„SPR" = 180° – измерен, одн. поставен агол.
„2. CNR": Зачувување на аголот во ќош (Corner Angle)
Поставете ги кракот на преклопување и основниот крак рамно на
ѕидовите за мерење на аголот во ќош, и прочитајте го измерениот или
поставете одреден агол на ќош на мерниот уред.
Притиснете го одново копчето 15, за да го зачувате измерениот или
повиканиот агол на ќош за двојното мерење. На екранот се појавуваат
„CNR" и актуелниот агол.
„3. MTR": Пресметување на хоризонталниот агол на закосување
(Miter Angle)
Одново притиснете го копчето 15. На екранот се појавуваат „MTR" и
пресметаниот хоризонтален агол на закосување за пилата за отсекување
и сечење под агол.
„4. BVL": Пресметување на вертикалниот агол на закосување
(Bevel Angle)
Одново притиснете го копчето 15. На екранот се појавуваат „BVL" и
пресметаните вертикални агли на закосување за пилата за отсекување и
сечење под агол.
По потреба, хоризонталните и вертикалните агли на закосување можат
одново да се повикаат, ама само додека не се притисне копчето 12 за
промена на режимот на работа. За повикување на аголот притиснете на
копчето 15. На екранот се појавуваат „MTR" и пресметаниот хоризонта-
лен агол на закосување, по одново притискање на копчето 15 „BVL" и
вертикалниот агол на закосување.
Притиснете го копчето 14 пократко од 1 с., за да се вратите назад од
режимот на работа „Двојно закосување" во режимот на работа „Мерење
на агли".
Напомена: Пресметаниот хоризонтален агол на закосување „MTR"
може да се преземе само за пили за отсекување и сечење под агол, каде
поставувањето за вертикално сечење изнесува 0°. Доколку поставу-
вањето за вертикално сечење изнесува 90°, аголот на сечење мора да го
пресметате на следниот начин:
90° – прикажан агол „MTR" = аголот кој треба да се постави на пилата.
1 609 92A 21E | (13.9.16)
CNR
CNR
MTR
MTR
BVL
BVL
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gam professional 220 mf

Tabla de contenido