Milwaukee LLD50 Manual Original página 35

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 14
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ЛАСЕРСКИ ДЕТЕКТОР
Работен опсег* ................................................................................
Агол на прием .................................................................................
Точност на мерењето**
"висока" ........................................................................................
"ниска" ..........................................................................................
Компатибилност на бранова должина ..........................................
Област на прием .............................................................................
Индикатор за централна позиција (од горе) .................................
Автоматско исклучување
Без притискање копче и без ласерска детекција ......................
Без притискање копче при активна ласерска детекција ..........
Време на работа, приб. ..................................................................
Волтажа на батеријата ..................................................................
Погонска температура ....................................................................
Температура на складирање .........................................................
Макс. висина ...................................................................................
Макс. рел. влажност .......................................................................
Степен на загадување во согласност со IEC 61010-1 .................
БАТЕРИИ .........................................................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата ..............................................
Димензии (должина × ширина × висина) ......................................
Вид на заштита ...............................................................................
* При неповолни услови во околината (нпр. директна сончева светлина), работната површина може да се намали.
** Зависи од растојанието помеѓу ласерскиот приемник и линискиот ласер
*** Во присуство на спроводливи наслаги или суви, непроводни наслаги, кои можат да станат спроводливи при одреден степен на
кондензација. При такви услови на околината, уредот по правило е заштитен од директна сончева светлина, врнежи и силни
ветрови, но притоа не се следат ни температурата ни влажноста.
ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните напомени и
упатства. Заборавање на почитувањето на безбедносните
упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен
удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за
во иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ЛАСЕРСКИОТ
ДЕТЕКТОР
Никогаш не ги расклопувајте или модифицирајте овие
апарати.
Не го користете овој апарат близу вода.
Чистете го само со сува крпа. Некои средства за шистење и
раствори се штетени за пластичните и дргите изолирани
делови. Одржувајте ја неговата рачкачиста, сува и
незамастена.
Севкупното сервисирање доверете го на обучениот персонал.
Не го инсталирајте во близина на топлински извори.
Не ставајте отворен оган, на пример свеќи, врз апаратот
Овој апарат не смее да биде изложен на капки вода ниту на
прскање со вода. Врз апаратот не смеат да бидат
поставувани садови со течности, на пример вазни.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во
батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.
Имајте предвид за грешни вредности ако уредот е дефектен
или ви паднал, се користел неправилно или бил променет.
Осигурите се дека магнетните држачи се цврсто прицврстени
на метална површина. На тенки метални површини, јачината
на магнетот може да не е доволна за да го држи уредот, така
што може да падне.
Немојте да ги отстранувате етикетите и плочките со упатства.
Овие плочки содржат важни информации. Ако плочките
повеќе не се читливи или недостигаат, обратете се до
сервисната служба на MILWAUKEE, за да добиете замена на
истите.
68
МАКЕДОНСКИ
LLD50
........................... 5-50 m
.......................... ± 40°
......................... ±0,75 mm @10 m
........................... ±1,0 mm @10 m
..................... 510-530 nm
........................... 76,2 mm
........................... 63,5 mm
.............................. 15 min
................................ 3 h
.............................. 20 h
................................ 3 V
...................... -10 - 50 °C
...................... -20 - 60 °C
.......................... 2000 m
.............................. 90 %
................................ 3 ***
...............2x 1.5V LR6 (AA)
........................... 0,23 kg
.............158 x 76 x 25 mm
........................... IP54
Употребата на контролните елементи, поставките или
изведувањето постапки поинакви од тие опишани тука може
да предизвикаат небезбедно изложување на зраци.
Исклучете го апаратот по употребата. Доколку уредот не се
користи подолго време, батериите да се отстранат пред
складирањето.
Уредот соодветствува на најстрогите барања на релевантните
стандарди и прописи за електромагнетна компатибилност
(ЕМС).Сепак, интерференцијата со други уреди не може
целосно да се исклучи.
На перформансите на уредот може да влијаат
електромагнетни полиња.
Ако се појави електромагнетна интерференција,
идентификувајте го и отстранете го изворот на
интерференција или преместете го уредот.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА БАТЕРИЈА
За беспрекорна работа во апаратот мора да бидат уредно
ставени 2-AA батерии. Не употребувајте други видови на
напојување со напон или струја.
Секогаш чувајте ги батериите вон дофат на деца.
Не употребувајте мешавина од нови и употребувани батерии.
Не употребувајте мешавина од батерии на различни
производители (или различни типови од еден производител).
Не употребувајте истовремено батерии што можат да се
полнат и батерии што не можат да се полнат.
Ставајте ги батериите според симболите + / – .
Искористените батерии отстранете ги веднаш уредно.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Овој апарат не смее да се користи од страна на лица
(вклучувајќи и деца) коишто располагаат со намалени
телесни, сензорни или душевни способности и/или имаат
недостаток на искуство или знаење, освен ако не се под
надзор на лице одговорно за нивната безбедност или ако не
се упатени во безбедно ракување со уредот. Децата треба да
бидат под надзор, како сигурност дека тие нема да играат со
апаратот.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Ласерскиот детектор може да се користи на отворено со
ограничена изложеност на директна сончева светлина или
силна светлина и во затворени простории со опсег до 50
метри (164 стапки).
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Techtronic Industries GmbH изјавува, дека радиото тип LLD50
соодветствува со директивата 2014/53 на ЕУ. Целосниот текст
на изјавата за конформитет на ЕУ може да го најдете на
следената интернет адреса: http://services.milwaukeetool.eu
ПРОВЕРКА НА ТОЧНОСТА НА ПОЛЕТО
Проверете ја точноста на полето на нов ласерски детектор
веднаш по распакувањето и пред да го користите на
градилиште. Ако точноста се разликува од наведените
спецификации на производот, контактирајте го службата за
корисници на Milwaukee. Во спротивно, вашето барање под
гаранција може да биде одбиено.
Фактори кои влијаат на точноста
Сончевата светлина или други силни извори на светлина
можат да влијаат на точноста. Оптимални резултати ќе
постигнете во затворени простории или во области заштитени
од директна сончева светлина.
Неправилното ракување со ласерскиот детектор, на пример,
тешки удари од пад, може да ја нарушат точноста на
мерењето. Затоа се препорачува да ја проверите точноста на
полето откако уредот ќе ви падне или пред да правите важни
мерења.
За оптимални резултати, користете ласери на Milwaukee.
Точност на хоризонтално порамнување
Поставете компатибилен ласер на растојание од 10 метри од
рамен ѕид. Вклучете го хоризонталниот ласерски зрак.
1. Осигурите се дека изворот на ласерот е порамнет и дека
зракот паѓа нормално на ѕидот.
2. Поставете го детекторот рамно на ѕидот директно пред
изворот на ласерот и малку под проектираната ласерска
линија.
3. Секогаш држете го детекторот паралелно со земјата и
полека лизгајте го нагоре додека не се појави стрелката
за надолу.
4. Лизгајте го детекторот надолу додека не се појави
централната линија.
5. Нацртајте линија на ѕидот - точка I.
6. Продолжете да го лизгате детекторот надолу додека не се
појави стрелката за нагоре.
7. Лизгајте го детекторот нагоре додека не се појави
централната линија.
8. Нацртајте линија на ѕидот - точка II.
9. Измерете го растојанието помеѓу точката I и точката II и
поделете со 2.
Point I
Point I
d
Point II
Point II
ОДРЖУВАЊЕ
Чистење
Одржувајте го куќиштето на уредот чисто, суво и без масло и
маснотии. Чистете го само со благ сапун и влажна крпа,
бидејќи некои средства за чистење и растворувачи содржат
супстанци што можат да го оштетат пластичното куќиште и
други изолирани делови. Некои содржат бензин, терпентин,
разредувач за лак, разредувач за боја, средства за чистење
на база на хлор, амонијак или средства за чистење во
домаќинството кои содржат амонијак. Не користете запаливи
растворувачи за чистење.
Чистење на прозорецот на сензорот
Омекнете ја нечистотијата со чист компримиран воздух.
Внимателно исчистете ја површината со влажен памучен
брис.
Поправка
Овој уред има само малку компоненти што можат да се
поправат. Не отворајте го куќиштето и не расклопувајте го
уредот. Ако уредот не работи правилно, испратете го заедно
со батеријата и полначот до овластен сервисен центар во
близина за поправка.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да
бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
69

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

4000483022

Tabla de contenido