Gorenje Tiki TC 200-300/B Instrucciones De Uso página 64

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 20
Кога водата во резервоарот постигне 65°C, се исклучува греењето под висока температура.
Греењето под висока температура можете да го вклучите и рачно со притисок врз копчето 2 (прибл. 5
секунди). Дисплејот наизменично ја прикажува температурата на водата во резервоарот и ознаката LEG.
Кога водата во резервоарот постигне 65°C, топлинската пумпа се префрлува на нормална работа.
ВНИМАНИЕ:
Елементите во електро контролната единица се под нопон и по инклучувањето на
прекинувачот!
УПОТРЕБА НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ ГРЕАЧ
Вградните електрични греачи од типот СХ се наменети само за додатно загревање на водата во затворени
или отворени резервоари на топла вода.
За време на работењето грелното тело и заштитната цевка на сензорот треба од сите страни да бидат
доволно опфатени со вода.
Температурата на куќиштето на електричниот греач не смее да биде повисока од 80º C.
Освен законско признаените прописи треба да се земат во предвид и условите на приклучување.
Електричниот греач смее да го приклучи само за тоа оспособено стручно лице.
Приклучната врвка спроведете ја низ уводница на приклучната спојница во електричниот греач.
Внимавајте приклучната врвка да биде со соодветни димензии.
Вградниот електричен греач приклучете го на електричната мрежа (согласно со шемата на електро-
врзувањето) и внимавајте на бараниот приклучен напон. Пред првото активирање согласно со шемата
уште еднаш проверете го целото поврзување.
Електро-врзувањето за греачите од 2 kW понатаму е сериски приспособено за трифазен напон 3~400 V
(слика 1) и изработен за непосредна регулација. Електричните греачи од 2 kW можат да се приклучат на
еднофазен напон од 230 V (слика 2) или на трифазен напон од 400 V (слика 1), при што ѕвездиштето не
смее да биде поврзано со заштитниот водник. Мост-врзувањата на приклучната спојница се направени
од 1,5 мм
бакрна жица.
2
1.
Заштитниот капак можете да го завртите во саканата положба така што ќе го потргнете капакот
и после завртувањето ќе го прицврстите. Притоа затките на куќиштето не смеат да се поместат и не
смеат да се оштетат. Треба да се употребат оригинални завртки со подлошки. Доколку поради нестручна
монтажа електричниот греач нема да затнува, гаранцијата нема да важи.
Слика 1: Трифазен напон од 400 V
(фабрички подесено)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не заборавете да го приклучите заштитниот водник!
64
Слика 2: Еднофазен напон од 230 V
(макс. 3 kW)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido