Samsung NK36N9804VB/UR Montaje Y Modo De Empleo página 69

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 20
MK - Упатство за монтажа и ракување
Симболи користени во овој прирачник
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасности или небезбедни дејства кои би можеле да доведат до повреда или
смрт.
ВНИМАНИЕ
Опасности или небезбедни дејства кои би можеле да доведат до електричен удар,
повреда или оштетување на имот.
ЗАБЕЛЕШКА
Корисни совети и упатства
Овие икони и предупредувачки симболи служат за да се избегнат повреди, како
ваши, така и на другите. Ве молиме следете ги во потполност. По читањето на ова
заглавие, ве молиме да го чувате на безбедно место за можни идни навраќања.
Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник. Ние
одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар
предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата вклучени во
овој прирачник. Аспираторот е наменет исклучиво за домашна употреба.
Аспираторот може да се разликува по изгледот од сликите во ова упатство,
но сепак упатствата за употреба, одржувањето и упатствата за инсталирање
остануваат исти.
Важно е да го зачувате ова упатство за да би можеле да го консултирате во
било кој момент. Во случај на продажба, расходување или на преместување,
нека остане заедно со производот.
Прочитајте ги внимателно упатствата: Овде има важни информации за
инсталирањето, за употребата и за безбедноста.
Не вршете електрични или механички измени на производот или на
издувните канали.
Пред да почнете со монтирање на апаратот проверете да не се оштетени
компонентите. Во спротивно, обратете се кај вашиот дистрибутер и не
продолжувајте со монтирањето.
Важни совети
• Пред билокаква операција за чистење или
одржување, исклучете го аспираторот од електричната
мрежа со вадење на струјниот приклучник или со
исклучување на домашниот мрежен прекинувач.
• За сите операции за монтажа и одржување да се
користат работни ракавици.
• Овој апарат може да се користи од страна на деца од
8 години па нагоре и лица со намалени физички,
сензорни или ментални способности, или ако немаат
искуство или знаење, доколку се под надзор или имаат
добиено инструкции за употреба на апаратот на
безбеден начин и ги разбираат опасностите поврзани
со него.
• Треба да се внимава децата да не си играат со
апаратот.
• Чистењето и одржувањето не треба да го прават
деца без надзор.
• Просторијата мора да биде доволно проветрена кога
кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои
согоруваат гас или други горива.
• Аспираторот мора редовно да се чисти како од
внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ
ЕДНАШ МЕСЕЧНО), во секој случај потребно е да се
постапува во согласност со упатствата за одржување.
• Ако не се следат упатствата во однос на чистењето
на аспираторот и замената и чистењето на филтрите
ќе доведе до ризик од пожари.
• Строго се забранува фламбирање на храната под
самиот аспиратор.
• За замена на сијалицата користете само од типот на
сијалица наведен во делот одржување/замена на
сијалицата во овој прирачник.
Употребата на отворени пламени е штетна за
филтрите и може да предизвика ризик од пожар и
поради тоа мора да се избегнува во сите околности.
Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да
се спречи да не дојде до презагревање на маслото и
пламнување.
ВНИМАНИЕ: Кога плочата за готвење е во функција
пристапните делови од аспираторот можат да се
загреат.
• Да не го поврзувате апаратот со електричното
напојување сè додека монтажата не биде целосно
комплетна.
• Што се однесува до техничките и безбедносните
мерки за примена за исфрлање на пареа важно е
внимателно да се следат правилата дадени од
локалните надлежни власти.
• Издувниот воздух не смее да се предава во активен
оџак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или
други горива.
ВНИМАНИЕ! Немонтирањето на завртки и уреди за
прицврстување во согласност со овие упатства може
да доведе до опасности од електрична природа.
• Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици
поради можниот ризик од електричен удар.
• Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано
решетката!
• Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка
доколку не е прецизно наведено.
• Користете ги само завртките за прицврстување обезбедени со производот за
монтирање или ако не се обезбедени набавете го точниот тип на завртки.
• Користете ја точната должина за завртките што се наведени во Упатството за
монтирање.
• Во случај на сомневање, консултирајте се со овластениот центар за техничка
поддршка или персонал со слични квалификации.
ВНИМАНИЕ!
Да не се користи со програмер, тајмер, посебен
далечински управувач или било која друга направа која се активира автоматски.
Овој апарат е обележан согласно Европската директива 2012/19/EC - UK SI 2013
No.3113 за Искористена Електрична и Електронска Опрема (Waste Electrical and
Electronic Equipment - WEEE). Со правилно отстранување на овој производ
помагате да се спречат потенцијалните негативни последици за околината и
здравјето на човекот, што инаку би се предизвикале од несоодветното третирање
како отпадок на овој производ.
Симболот
прецртана канта за ѓубре на производот или на документите кои
одат со производот, покажува дека тој апарат не смее да се третира како
комунален отпад. Напротив би требало да се однесе до соодветното место за
собирање за рециклирање на електрична и електронска опрема. Отстранувањето
мора да се изврши во согласност со локалните прописи за животната средина за
отстранување на отпаден материјал. За повеќе детаљни информации за
третманот, поправањето и рециклирањето на овој производ Ве молиме
контактирајте со Вашите локални власти, Вашата комунална служба или со
продавницата од каде го имате купено производот.
69

Hide quick links:

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Nk36t9804vd/urNk24n9804vb/ur

Tabla de contenido