Обем На Испорака; Монтажа На Поединечните Делови; Фиксна Или Флексибилна Монтажа - Bosch PCM 7 S Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para PCM 7 S:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 37
210 | Македонски
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU,
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми:
EN 61029-1, EN 61029-2-9, EN 60825-1.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 23.07.2014
Монтажа
 Избегнувајте невнимателно вклучување на
електричниот апарат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот апарат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Внимавајте на приказот на обемот на
испорачаните материјали на почетокот од
упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот апарат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Пила за оплата со претходно монтиран лист на пилата
– Вреќичка за прав 19
– Продолжеток за масата за пилата 14 (2x)
– Столарска стега 16
– Клуч со внатрешна шестаголна глава 25
– Батерии (2x, големина LR03, 1,5 V)
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има
оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат,
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена сервисна
работилница.
Дополнително потребни алати кон испорачаните
материјали:
– Крстест одвртувач
1 609 92A 0VM | (23.7.14)
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
– Заради олеснување на работата, при монтажата
внимавајте на испорачаните елементи на уредот,
бидејќи електричниот апарат е во транспортна
позиција.
Ставање на батериите (види слика A)
– Отворете ја преградата за батерии 31.
– Ставете ги испорачаните батерии водејќи сметка за
половите.
– Затворете ја преградата за батерии.
Монтирање на продолжетоците за масата за пила
(види слика B)
Продолжетоците за масата за пила 14 може да се
позиционираат на левата, десната или предната страна на
електричниот апарат.
Флексибилниот систем за прикачување Ви овозможува
голем број на варијанти за продолжување (види слика H).
– По потреба ставете го продолжетокот на масата за пила
14 во прифатите 28 на електричниот апарат или во
прифатите 32 на вториот продолжеток на масата.
Фиксна или флексибилна монтажа
 За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика D1)
– Свртете ја заштитата од превртување 10 навнатре или
нанадвор додека електричниот апарат не застане
рамно на работната површина.
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 7.
Монтажа на Bosch-работна маса (види слика D2)
Работните маси на Bosch (на пр. PTA 2400) на
електричниот апарат му нудат стабилност на секоја
подлога со помош на ногарките што се подесливи во
висина. Подлогите за делот што се обработува на
работната маса служат како потпора на подолгите делови
за обработка.
Напомена: Во овој случај, како потпора за долгите делови
за обработка користете ги само подлогите за деловите за
обработка на работната маса, а не продолжетоците за
масата за пила 14 на електричниот апарат.
 Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
упатства што се приложени кон работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido