Совети При Работењето - Bosch PCM 7 S Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para PCM 7 S:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 37
Само со притискање на лостот 3 кракот на алатот може да
се спушти надолу.
– За сечење, дополнително кон активирањето на
прекинувачот за вклучување/исклучување 20, мора да
го притиснете лостот 3.
Исклучување
– За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 20.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
 Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање 9 и
затегнувачката дршка 17 пред сечењето. Инаку
листот на пилата може да се заглави во делот што се
обработува.
 При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ја допре
граничната водилка, столарските стеги или другите
делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте
листот за пилата на страничен притисок.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за поставување
на шината на граничникот.
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Означување на линијата на сечење (види слика K)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на листот
за пилата. Притоа, делот што се обработува може точно да
го позиционирате за сечење, без да ја отворате
заштитната хауба со повратен механизам.
– Притоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот
21.
– Насочете ги ознаките на делот што се обработува на
десниот раб на линијата на ласерот.
Позиција на корисникот (види слика L)
 Не се поставувајте во една линија со листот за
пилата пред електричниот апарат, туку секогаш
странично од листот за пилата. На тој начин, вашето
тело е заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкиот лист за пилата.
– Не ги прекрстувајте рацете пред рачката на апаратот.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
Агол на косо сечење
хоризонтално
вертикално
45°
45°
Bosch Power Tools
Висина x ширина
40 x 220 мм
40 x 150 мм
45°
18 x 220 мм
45°
18 x 150 мм
Минимални делови за обработка
(= сите делови што се обработуваат, што може да се
затегнат со столарска стега 16 лево или десно на листот на
пилата):
100 x40 мм (должина x ширина)
макс. длабочина на резот (0°/0°): 40 мм
Сечење без влечење (отсекување) (види слика M)
– За сечење без повлекување (мали делови за
обработка) олабавете ја завртката за фиксирање 26,
доколку истата е затегната. Поместете го кракот на
алатот до крај во правец на граничните водилки 15 и
повторно затегнете ја завртката за фиксирање 26.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поставете го саканиот агол на косо сечење.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете на лостот 3 и полека водете го надолу
кракот на алатот со рачката 1.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење 41
(широки делови за обработка) олабавете ја завртката
за фиксирање 26, доколку истата е затегната.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поставете го саканиот агол на косо сечење.
– Поместете го кракот на алатот од граничните водилки
15, додека листот за пилата не дојде пред делот што се
обработува.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете на лостот 3 и полека водете го надолу
кракот на алатот со рачката 1.
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки 15 и сечете го делот што се
обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Подесување на граничникот за длабочина
(сечење на жлеб) (види слика N)
Граничникот за длабочина мора да го поместите, доколку
сакате да исечете жлеб.
– Навалете го кракот на алатот на рачката 1 во позиција
во која ќе се постигне саканата длабочина на жлебот.
– Завртете го граничникот за длабочина 18 во правец на
стрелките на часовникот додека крајот на завртката не
го допре граничникот на куќиштето 42.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Менување на плочата за вметнување (види слика O)
Црвената плоча за вметнување 11 може да се истроши по
подолга употреба на електричниот апарат.
Македонски | 213
1 609 92A 0VM | (23.7.14)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido